Концесиите за природни ресурси двојно поскапуваат од 1 јануари

December 26, 2024
1 min read

Од 1 јануари 2025 година, надоместоците за експлоатација на природни ресурси ќе се зголемат до 100%, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Оваа мерка е дел од напорите за пофер наплата и регулирање на користењето на националните богатства.

Измените во Тарифникот за концесии, усвоени од Владата и објавени во Службен весник, предвидуваат:

Простор за експлоатација: Зголемување на надоместокот за 30%.
Експлоатација на мермер: Наместо фиктивна цена, 5% од приходот од продажба.
Металични минерали: Зголемување од 2% на 4%.
Неметалични минерали: Просечно зголемување од над 100%.

Енергетските минерали, како јагленот, остануваат со исти надоместоци за да се избегне раст на цената на електричната енергија.

Министерката Сања Божиновска изјави дека мерката ќе го зголеми годишниот приход од сегашните 10 милиони евра, средства кои ќе се вложат во јавни услуги и економски развој.

„Целта е фер наплата, одржлив развој и максимални придобивки и за државата и за приватниот сектор,“ рече Божиновска.

Овие измени се засноваат на препораки од Државниот завод за ревизија, кој укажа дека концесиските надоместоци во Македонија се меѓу најниските во регионот. Министерството истакна дека продолжува со напорите за одговорно управување со природните ресурси и зголемување на економските ефекти од нивната експлоатација.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За 1 минута електронско издавање на уверение за државјанство во секое време

Следно

Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

Latest from Blog

Божиновска за Faktor.mk: Македонија започнува најголем енергетски инвестициски циклус

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Планот за изградба на енергетски објекти за 2026 година драстично ќе ја смени сликата на енергетиката во Македонија. Тој предвидува изградба на

Халанд само под еден услов може да дојде во Реал Мадрид

Според шпанските медиуми, норвешкиот голгетер поставил јасен услов за неговото евентуално доаѓање во Реал Мадрид. А тоа не е ниту платата, ниту должината на договорот, ниту клаузулите. Станува збор за тренерот. Наводно,

Променливо облачно време со умерени температури и во наредните денови

Во текот на следните неколку дена во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, со променлив правец. Минималните утрински температури ќе се движат
Go toTop