Контроли на УЈП на настани на отворено

August 30, 2024
1 min read

Мобилните екипи на Управата за јавни приходи и викендов продолжуваат со редовните контроли за фискализација, особено на местата каде што се одржуваат настани на отворено, како што се Виница и Свети Николе.

-Трговците и вршители на дејност кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно, плаќањата го вршат во готово (готовински плаќања), треба да користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет. Без разлика дали се ДДВ обврзник, ако вршат промет на добра или услуги во готово, должни се да воведат и употребуваат фискален апарат, се вели во денешното соопштение од УЈП.

Оттаму ги потсетуваат и физичките лица, да се усогласат со Законот за данок на личен доход (ЗДЛД) , односно да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен (сезонски) карактер, во подрачната единица на УЈП.

Воедно апелираат претходно да го имаат запазено условот за користење на градскиот простор, односно да имаат дозвола од Општината. На основ поднесеното барање УЈП ќе им издаде решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход, со прилог налог за плаќање на данокот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Ги отвораме институциите, македонските земјоделци ќе имаат полесен пристап до Платежната агенција

Следно

Лашкоска: Една третина од отпадот завршува во нашата околина

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop