Конститутивната седница на новиот состав на Советот за координирање на ИКТ: Стратегија за дигитална иднина!

January 27, 2025
1 min read

Министерот за правда Игор Филков, на конститутивната седница на новиот состав на Советот за координирање на информатичко-комуникациската технологија во правосудните органи ја истакна важноста на технологијата во правосудството, како и неопходноста од дигиталната трансформација за модернизација на судскиот систем со цел зголемување на довербата на граѓаните во правосудството.

„Верувам дека овој состав на Советот ќе биде двигател на значајни промени, со фокус на правдата, инклузивноста и модернизацијата на правосудниот систем“, изјави министерот. Дигитализацијата ќе ни овозможи да ги забрзаме судските процеси, да ја зголемиме транспарентноста и да ја намалиме бирократијата“, потенцира министерот Филков.

Министерството за правда формираше новиот состав на Советот за координирање на информатичко-комуникациската технологија во правосудните органи во целосна согласност со член 87-а од Законот за судовите. Советот е составен од претставници од правосудните органи и други релевантни институции, кои ќе работат на координирање и спроведување на активностите за дигитализација во правосудството.

„Технологијата е само алатка, а основниот принцип останува правдата“, истакна министерот. „Затоа, мора да се осигураме дека дигитализацијата ќе биде во служба на правдата и дека ќе обезбеди еднаквост и фер пристап за сите граѓани“, рече Филков.

Министерот изрази уверување дека со заедничко лидерство и посветеност, новиот состав на Советот ќе продолжи со развој на стратегијата за дигитализација, размена на информации и решавање на проблемите во работата на правосудниот систем. Министерството за правда останува посветено на модернизацијата на правосудството, со цел да се создаде праведен и дигитален правосуден систем за сите граѓани.

Членови на ИКТ советот се:

Бурим Сејдини, претседател на Управен суд на Република Македонија.
Иван Џолев, претседател на Основен кривичен суд Скопје.
Милчо Велјаноски, Судски советник во Врховен суд на Република Македонија.
Мирјана Башеска Јонеска, информатичар во Врховен суд на Република Македонија.
Наташа Однакозова Жабакова – информатичар во Апелационен суд Скопје.
Никола Ристевски, информатичар во Основен Граѓански суд.
Анита Тополова Исајлоска, Јавен обвинител во Јавното обвинителствo на Република Македонија.
Владимир Милошески, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.
Ирена Димовска – информатичар во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Јулијана Георгиевска – Државен советник во Судски совет на Република Македонија.
Јелена Догазанска Колева, член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија.
Катерина Мишковска, информатичар во Советот на јавни обвинители на Република Македонија.
Јосиф Стоилов – информатичар во Судски совет на Република Македонија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче се дозаплетка: Ги добивал извештаите, се било „топ“ на Онкологија кога тој бил министер?!?!

Следно

„Да не дозволиме да создадеме генерации кои иако будни ќе изгледа како да спијат“, професорите против новата концепција образование во гимназиите

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop