Конституиран новиот парламентарен состав, Гаши избран за претседател на Собранието

May 28, 2024
2 mins read

Со 76 гласа „За“, шест против и без воздржани, новиот парламентарен состав го избра Африм Гаши од Алтернатива за нов претседател на Собранието. Тоа беше всушност и последната точка на денешниот дневен ред на конститутивната седница, на која им беа доделени мандатите на новите народни избраници.

Гаши ја положи свечената заклетва пред пратениците и порача дека без разлика на тоа што доаѓа од партија која е дел од новото парламентарно мнозинство, тој како собраниски спикер ќе се залага сите да имаат исти права во Собранието.

„Иако сум тука со политичка, верска и ерничка припадност, а и заедно со Вреди, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидам дел од владиното мнозинство, јас како претседател на Собранието ќе дадам се од себе ниту еден пратеник да се чувствува незастапен или не дај боже дискриминирам. Како претседател на Собранието ќе се погрижам нашето општество уште повеќе да напредува во делот на почитување на слободата на изразување“, изјави Гаши.

Во текот на дебатата која и претходеше пратениците од Левица го критикуваа предлогот Гаши да биде избран за собраниски спикер, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги навреди пратениците од Левица дека се однесувале како во „реално шоу“.

Верификувани мандатите на новите народни претставници

Пред изборот на Гаши, што беше четврта точка од дневниот ред, денешната конститутивна седница на Парламентот започна со утврдување на дневниот ред и избор на Верификационата комисија.

По ова беше дадена пауза, а по паузата и заседавањето на верификационата комисија, пратениците го усвоија нејзиниот извештај и ги верификуваа мандатите на сите избрани пратеници.

Техничкиот премиер Талат Џафери, по верификацијата на мандатите, од говорницата истакна дека тој, до изборот на нова влада ќе ја извршува премиерската функција, а нема да учествува во работата на Парламентот.

Пратениците, потоа ја избраа и Комисијата за избор и наименувања, а потоа следуваше дебатата и гласањето по кое Собранието го доби и новиот претседател – Африм Гаши.

Со денешната седница претседаваше најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.

Конститутивната седница завршена два дена пред рокот

На дневниот ред на седницата имаше вкупно четири точки – избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата и избор на претседател на Собранието.

Според Деловникот за работа, конститутивната седница според Деловникот трае најмногу три дена, а Собранието се конституира со избор на претседател на Собранието.

Бидејќи пратениците денеска го избраа Гаши за претседател, тоа значи дека новиот собраниски состав е конституиран два дена пред рокот.

Собранието ќе брои 120 пратеници, но на седницата присуствува само 117, бидејќи нивните мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандата за кои се прегласуваше минатата среда сè уште течат жалбените постапки.

На друга седница пак, ќе бидат избрани потпретседатели на Собранието, а бројот на потпретседателите го утврдува Собранието по предлог од претседателот на Собранието.

Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Еден од потпретседателите се избира од редот на пратениците кои припаѓаат на најголемата опозициска партија. Најмалку еден од потпретседателите се избира од помалку застапениот пол.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Геноцидниот манијак Нетанјаху сака етнички да ги очисти Палестинците“

Следно

Невреме во САД во јужните американски низини

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop