Конкурс за стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии за МБА-програмата на Универзитетот Јорк, за 2025/2026

June 1, 2025
1 min read

До 30 јуни е отворен Конкурсот за стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии за паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк, за академската 2025/2026 година, што се доделуваат согласно Протоколот за соработка меѓу Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука и Сити колеџ, Европски кампус на Универзитетот Јорк, Обединето Кралство.

Стипендиите покриваат уписнина за 20 студенти за вонредни двегодишни студии од втор циклус во рамки на Паневропската извршна МБА-програма, со двојна диплома – од Универзитетот Јорк и од Универзитетот во Стразбур, која се реализира во Солун.

Областите за студии се: Општ менаџмент, Маркетинг, Финансии, Менаџмент во логистика, Менаџмент во здравство и Менаџмент на човечки ресурси. 

На Конкурсот може да се пријават стручни лица од различни профили и бизнис-менаџери вработени во компании од приватниот и од јавниот сектор.

Стипендија ќе добијат најдобрите дваесет кандидати според критериумите од Конкурсот и според ранг-листата изготвена од Комисијата за избор.

 Вкупната школарина за МБА-програмата е 14.890 евра по студент, од кои по половина од средствата, односно по 7.445 евра, ќе покријат Универзитетот и  Владата на Република Северна Македонија.  

Паневропската извршна МБА-програма е предвидено да се реализира во Солун за време на викенди.  Корисниците на стипендии треба да патуваат во Солун најмногу до еден викенд во месецот во период од две години и да учествуваат на студиските посети во траење од три недели: една недела на Универзитетот Јорк, Обединето Кралство, една недела на Универзитетот во Стразбур, Франција, и една студиска недела во Солун. 

Сите предавања ќе бидат на англиски јазик. По успешно завршување на дуалната МБА-програма, студентите ќе добијат две дипломи за извршни мастер студии по деловна администрација – од Универзитетот Јорк и од Универзитетот во Стразбур.

Стипендиите ги покриваат само средствата за уписнина. Останатите средства (патни трошоци, сместување и други животни трошоци) се на товар на кандидатот.

Во  Конкурсот што е објавен на веб-страницата на МОН се наведени условите за пријавување, критериумите за избор, документите што треба да се поднесат и начинот на аплицирање. Рокот за пријавување завршува на 30 јуни. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Собранието утре ќе пристигне предлог-закон за отворени листи и една изборна единица

Следно

Милано: Многу сум среќен што можам да верувам на секој еден ракометар во тимот

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop