Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост

November 12, 2025
1 min read

Учесниците на панелот „Дигитализација и модернизација – паметни економии, посилен регион“, што се одржа во рамките на годишната конференција „Западен Балкан 2030“ во Белград, денеска оценија дека дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост.

Вицепремиерот на Северна Македонија, Иван Стоилковиќ, нагласи дека не е доволно да се зборува за дигитализацијата како за добра вест, туку дека за нејзино квалитетно користење е потребно инвестирање во образованието.

Стоилковиќ оцени дека дигитализацијата е „на некој начин освојување на нова слобода“, но дека основниот проблем е образованието, додека ширењето на дигитализацијата е друг проблем.

Според Стоилковиќ, ако земјите од регионот не можат да ја шират дигитализацијата кај своето пошироко население, тешко дека можат да постигнат меѓусебна соработка на пошироко ниво во дигиталната сфера.

Амбасадорот на Финска во Србија, Црна Гора и Северна Македонија, Никлас Линдквист, изјави дека дигиталната стратегија на неговата земја се базира на помагање на корисниците и силна заштита на информациските системи, а дека вештачката интелигенција е во преден план.

Тој истакна дека не е доволно само владата на една земја да сака да биде дигитална, туку и граѓаните мора да го сакаат тоа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Следно

Американските акции пораснаа, поттикнати од повторното зголемување на вредноста на технолошките компании

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop