Кондарко: Два потписа не се единствен услов за кандидатска листа, ДИК има механизми за непречен изборен процес

August 24, 2025
1 min read

И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко уверува дека има механизми да се обезбеди непречено спроведување на изборите. Можно е изборниот процес да поскапи, но, како што вели, правото на учество во изборите е загарантирано.

Кондарко, во интервју за РСЕ вели дека рокот за поднесување на листи е 13-ти септември, по што ќе се знае колку ќе бидат пријавени, колку ќе ги исполнат условите, колку ќе бидат потврдени.

Во однос на анализите и предупредувањата за инфлација на кандидатски листи, Кондарко посочува дека ДИК има овластувања да носи соодветни одлуки и да ги прилагоди на актуелната ситуација, со цел да обезбеди непречено функционирање и одвивање на сите дејствија во изборниот процес и гласањето.

-Има шпекулации што би можело да се случи. Не би било добро да се коментира однапред, останува да се види постапката околу формалниот дел за поднесување на кандидатски листи трае. Единствен услов не се само најмалку два потписи за поднесување на листа, во услови кога тоа прашање не е регулирано од страна на Собранието, ДИК согласно член 31 став 2.2 има обврска да донесе правилник за регулирање на постапката за поднесување на кандидатски листи, односно потписи за независните кандидати, за група избирачи. ДИК тоа го направи. ДИК со тоа упатство не излезе надвор од законот, туку ја прилагоди на конкретната ситуација, изјави Кондарко.

Прашањето околу потписите, според Кондарко, не беше непознато и не се појави сега по распишувањето на избори, укажувајќи дека тоа било познато уште во мај, по одлуката на Устваниот суд.

-Во услови кога постои правото загарантирано во законот на учество на група избирачи, ДИК не може да го ускрати учеството на оваа категорија учесници во изборниот процес и тој процес мора да тече, нагласува Кондарко.

Според претседателот на ДИК, потребен е целосно нов Изборен законик со попрецизно дефинирани изборни правила со оглед овој закон не ја опфаќа само работата на изборните органи, туку и финансирањето на партиите, кампањата, медиумите.

-Јас во една прилика кажав дека најголема потешкотија ни создава законот, Изборниот закон кој повеќе од 30 пати од 2006 навака е изменет и дополнуван, меѓутоа има многу нејаснотии, многу непрецизности што ни создаваат правни, ни отвораат правни прашања и ни создаваат предизвици кои мора да ги надминуваме во склад на законитост, на транспарентност, на еднакво воспоставување на еднакви правила на игра за сите учесници во изборите, вели Кондарко.

Првиот круг од локалните избори 2025 се закажани на 19 октомври, а вториот круг е предвидено да се одржи на 2 ноември.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ана Николиќ претепана од нејзиниот партнер, српската пејачка објави шокантна снимка (ВИДЕО)

Следно

ФФМ го осудува насилството на теренот – безбедноста на младите играчи на прво место

Latest from Blog

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Засега во земјотресите загинале 164 лица, додека Геолошкиот институт на САД, УСГС,  предвидува дека црниот биланс би можел да достигне до 10.000. Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se

Муцунски – Гоунтанис: потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со
Go toTop