Коњановски: Топлификацијата ќе ги ослободи 36 институции од цврсто гориво во Битола

October 16, 2025
1 min read

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, изјави дека проектот за топлификација е во завршна фаза и ќе овозможи 36 јавни институции да престанат со користење на цврсто гориво, што ќе придонесе за значително намалување на загадувањето во градот.

„Делот на топлификацијата, кој е во завршна фаза, ќе овозможи 36 јавни институции да се ослободат од тврдото гориво. За пречистителната станица во тек се подготвителните работи на терен. Тоа се два проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои го решаваат загадувањето,“ изјави Коњановски во гостување на ТВ24.

Тој додаде дека е изработен зелен катастар и обемна програма за енергетска ефикасност, како дел од визијата за зелена и одржлива Битола.

 

Коњановски потсети и на инфраструктурните проекти реализирани во изминатите четири години, посочувајќи дека во тој период се реконструирани улици во должина од над 50 километри.

„Во наредниот мандат ќе се продолжи со истиот интензитет. Направивме комплетна реконструкција на улици во должина од над 50 километри и се зафативме со два капитални проекти – новиот влез во Битола и проектот од страната на Охрид,“ нагласи Коњановски.

Тој истакна дека донесувањето на новиот Генерален урбанистички план, започнат во неговиот мандат, претставува основа за решавање на клучните инфраструктурни и еколошки предизвици на Битола.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Земјотрес во Индонезија со јачина од 6,7 степени

Следно

Руи Коста откри детали од договорот на Мурињо

Latest from Blog

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како
Go toTop