Коњановски: Со заеднички мерки до подобра социјална заштита во Битола

December 16, 2025
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари работна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој престојуваше во официјална посета на општината.

На средбата се разговараше за унапредување на социјалната заштита во рамки на надлежностите на локалната самоуправа, за продлабочување на институционалната соработка, како и за демографските предизвици со кои се соочува Битола и мерките што се преземаат за создавање услови младите да останат и да ја градат својата иднина во градот.

Во рамки на посетата, Коњановски и Лимани ја посетија новоотворената градинка „Пчеличка“, дел од ЈОУДГ „Мајски цвет“, сместена во реконструираниот објект на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца. Градинката згрижува деца од предучилишна возраст до 6 години, со капацитет за 76 деца, и располага со современи занимални и дополнителни простории за квалитетен престој. Проектот е реализиран со заеднички средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Битола.

Посетата продолжи во Општинската организација на Црвен крст – Битола, каде министерот и градоначалникот остварија средба со раководството, вработените и волонтерите. Беа презентирани тековните активности во областа на социјалната заштита, хуманитарната помош и поддршката на ранливите категории граѓани. Посебен акцент беше ставен на реконструираните простории за услугата лична асистенција, која успешно се спроведува од 2018 година, како и на просторите за сервисот „Итно копче“ и услугата помош и нега во домот, како стратешки цели за 2026 година. Извршен беше и увид во просториите на идниот Дневен центар за активно стареење, кој е во фаза на градежни активности и ќе биде ставен во функција по завршување на постапката за лиценцирање.

Во рамки на денешната агенда беше реализирана и посета на Центарот за социјални работи – Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Киносалите во Кина достапни и за домашни миленици

Следно

Проданоски со детална програма за „Прилепска празнична приказна“

Latest from Blog

Умерено позитивен ден на Берзата: МБИ10 во пораст, Макстил води меѓу добитниците

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  Денешното тргување на Македонската берза заврши со умерено позитивен тон, при што главниот берзански индекс МБИ10 се искачи

Родителите на починатите бараат правда: Треба да се разграничи судскиот процес и да се утврди одговорноста

Родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани изразуваат незадоволство од начинот на кој се одвива судскиот процес, посочувајќи дека постапката е пренатрупана и недоволно јасно ја разграничува одговорноста. Според

КАТАСТРОФАЛЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ ЗА СТАН ВО ДУБАИ, ова е почеток крајот ќе биде уште полош

Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад, откако иранските ракетни напади низ регионот на Персискиот Залив предизвикаа економска неизвесност по избувнувањето на конфликтот. Индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи

Мора многу да се вложува во армиските капациети и во стручниот, професионален кадар, смета Мисајловски

Министерот за одбрана Владо Мисајловски смета дека мора многу да се вложува во армиските капациети. Треба да се обнови инфраструктурата, но неопходен е и стручен, квалификуван кадар – пилоти, техничари, механичари, доктори,…
Go toTop