Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот.
„Кркрдаш е дел од историјата на Битола и мост помеѓу првиот ден на пролетта и празникот Младенци. Оваа традиција со децении ги обединува битолчани и ја негува вредноста на заедништвото, љубовта и почитта кон обичаите“, наведува Коњановски во својата порака.
Тој им посака на граѓаните здравје, среќа и благосостојба, нагласувајќи дека ваквите празници се можност да се зачува духот на градот и да се пренесат традициите на идните генерации.
„За многу години Св. 40 Маченици – Кркрдаш“, порача градоначалникот на Битола.


