Коњановски: Секој човек во Битола заслужува поддршка и достоинствен живот

October 6, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со лица со атипичен развој и со граѓани од социјално загрозени категории, на која, како што изјави, се водела искрена и отворена дискусија за нивните секојдневни предизвици.

„Остваривме значајна средба со лица кои се со голема душа, срце и отворена мисла. Ги слушнав нивните приказни, проблеми и предлози за тоа како да се подобрат условите за нивно непречено функционирање“, истакна Коњановски.

Тој додаде дека само преку директна комуникација може да се создадат вистински решенија кои ќе одговорат на потребите на сите граѓани.

 

„Како градоначалник, но пред сè и како човек, останувам посветен на тоа Битола да биде град во кој секој човек ќе се чувствува прифатен, поддржан и вреднуван“, порача Коњановски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски на средба со пчелари во Прилеп: Поддршка за локалното производство

Следно

Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop