Коњановски се сретна со планинарите на „Први на Први“ на Пелистер

January 1, 2026
1 min read

Настанот „Први на Први“ во организација на ЗПСК „Олимпус Монс“ со поддршка на Oпштина Битола оваа година по 5-ти пат го организираше искачувањето нав врвот „Пелистер“ (2601мнв) на 01.01.2026 година.

Секоја година искачувањето на врвот „Пелистер“ започнува една минута по полноќ од локацијата на Инфоцентарот на НП „Пелистер“ (1360мнв), а е дел од програмата на „Зимската приказна“

 

 

Целта е првото изгрејсонце во новата година да се дочека на 2601 мнв. Настанот исто така има за цел да го промовира туристичкиот потенцијал на природните убавини на Битола и Македонија и здравиот начин на живот кој води низ поблизок контакт со природата.

„Оваа година имавме 50 учесници од 10 градови од Македонија и планинари кои дојдоа од Црна Гора и Германија. Искачувањето се одвиваше во сурови временски услови и во текот на ноќта измериме и температури од -28°C со брзина на ветер од околу 50 km/h. Дури и за искусните планинари, кои се добро познати имиња на јавноста на поширокиот регион оваа година беше вистински предизвик да се стигни до врвот „Пелистер“. Магичните бои на првото изгрејсонце најдобро ги искористи Дарио Петровски кој ја запроси својата сакана Мишела Панајотова за вечна љубов. И двајцата во моментов живеат и работат во Германија и во моментов се присутни во Македонија со цел да учествуваат на „Први на Први“, вели Иванчо Тошевски, организатор на настанот и директор на Националниот парк „Пелистер“.

Веднаш после изгрејсонцето околу 07:15 започнале со спуштање назад кон Инфоцентарот и најдоцна до 10:30 за релативно кратко време, сите учесници пристигнаа назад на почетната позиција, каде што имаа средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Тој им ги честиташе ноговодишните празници на планинарите.

И Коњановски и Тошевски во име на сите учесници на настанот на граѓаните на Битола и на цела Македонија им посакаа Среќна нова 2026, а на Дарио и Мишела со честитки за вечна љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо не успеа да постигне хет – трик во една календарска година за првпат од 2009!

Следно

Мицкоски утре на отворање на нова детска градинка во Кочани

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Во некапацитетноста Филипче е докажан кадар, почнувајќи од корона периодот кога му починаа 10.000 граѓани, се до водењето на СДС што ја донесе до едвај 130.000 гласа

Венко Филипче, не се грижи за ништо друго освен да си ја зачува фотелјата во СДС, која впрочем и му ја чува на неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче ниту го интересира стандардот

Зарем е можно: ФИФА сериозно размислува на СП 2030 да учествуваат 64 репрезентации!

ФОТО: FIFA.COM Ако првичните шпекулации ретко кој ги сфаќаше сериозн, сега веќе не е така. Имено чечниците на ФИФА сериозно размислуваат за големи промени во историјата на овој спорт. Станува збор за
Go toTop