Screenshot

Коњановски: „Приказната за Силјан“ носи ново филмско доживување за битолчани

February 4, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше дека денеска остварил средба со продуцентот на филмот „Приказната за Силјан“, Јорданчо Петковски, по повод вечерашната премиера на филмот во Битола.

Како што истакна Коњановски, особена чест претставува фактот што филмот на режисерката Тамара Котевска својата премиера ќе ја има токму во Битола, во Центарот за култура. Според неговите зборови, премиерата ветува уникатно и збогатувачко искуство за љубителите на кинематографијата, нудејќи поинаков и интригантен пристап кон светот на „Силјан“.

Коњановски му посака успешна премиера на целиот филмски тим, како и многу идни успеси и прикажувања низ светските кино сали. Тој додаде дека средбата била можност одблизу да се слушнат мотивите и идејата зад создавањето на ова кинематографско дело, што, според него, дополнително ја зголемува вредноста на филмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Витаминка најтргувани – МБИ10 со благ пад од 0,05%

Следно

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop