Коњановски: Новата опрема е чекор кон почиста Битола и регион

January 5, 2026
1 min read

Во Битола денеска беше испорачана и промовирана нова опрема за управување со цврст отпад, составена од 16 возила и голем број контејнери и канти, наменети за општините од Пелагонискиот и Југозападниот Регион. Опремата е дел од регионалниот проект за интегрирано управување со отпад.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со оваа опрема се подготвува системот за целосно функционирање на идната регионална депонија и центар за управување со отпад во Новаци, како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар. Тој нагласи дека проектот предвидува изградба на три регионални санитарни депонии на државно ниво, санација и затворање на постојните нестандардни депонии, како и набавка на механизација за собирање и транспорт на отпад за пет плански региони.

Новиот министер за животна средина Муамед Хоџа истакна дека со инвестиција од околу 11 милиони евра, современиот модел за управување со отпад ќе опфати над 400.000 граѓани од 18 општини. Според него, 2026 година е клучна за поставување на инфраструктурата, при што во тек се постапки за регионалните депонии во Пелагонискиот и Југозападниот Регион, Русино во Полошкиот Регион и Свети Николе за Североисточниот и Источниот Регион.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, нагласи дека Општина Битола ја поддржува оваа одлука, бидејќи само преку заеднички и регионални решенија може да се обезбеди чиста и здрава животна средина.

Градоначалникот на Новаци и претседател на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад, Стевче Стевановски, истакна дека регионалната депонија ќе работи според највисоки еколошки стандарди, со постојана контрола, мониторинг и безбедност, при што ќе се затвори и санира постојната депонија во Мегленци, која со години претставува еколошки проблем за жителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: Пробиштип прославува 20 години традиција и празнична радост

Следно

Комерцијална банка, НЛБ Банка и Алкалоид најтргувани на денот

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Акциски план 2026–2027 за ефективна борба против сивата економија

Иако за борбата со сивата економија до сега постоеле планови и подготвени стратегии, во изминатите периоди недостасувала силна и доследна имплементација и конкретни ефекти, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека

Макрон за царините на Трамп: Добро да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за трговските тарифи на претседателот Доналд Трамп покажува дека е добро да има противтежа на моќта и

ВИДЕО: Интензивни работи на терен, се гради автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

Со одлична динамика се одвиваат градежните работи за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани кој е дел од Коридорот 8. Овој автопат од едната страна ќе се поврзе со автопатот од Гостивар до Тетово,

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

Автопатот од Гостивар до Кичево ќе биде изграден во рокот, ова го потврдија премиерот Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски по
Go toTop