Коњановски најави нови инвестиции во инфраструктурата и дигитализацијата на училиштата

October 5, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со просветни работници и други чинители во образовниот процес од основните и средните училишта во градот.

На средбата, Коњановски го нагласи значењето на континуираното вложување во образованието, потенцирајќи дека во изминатиот период биле спроведени бројни активности за подобрување на условите во училиштата и унапредување на наставниот процес во соработка со директорите на образовните институции.

 

 

„Образованието е темел на развојот на нашата заедница. Наставниците и професорите, со својата посветеност и љубов кон учениците, се најважниот двигател на напредокот“, истакна Коњановски, изразувајќи благодарност до сите кои секојдневно вложуваат во воспитно-образовниот процес.

Присутните разговараа и за нови идеи и предлози за унапредување на инфраструктурата, дигитализацијата, вложувањата во спортски игралишта и воведување на фотоволтаични системи за заштеда на електрична енергија во училиштата.

Коњановски нагласи дека неговиот фокус ќе остане на создавање современи услови за образование и на поддршка на наставниот кадар како клучен фактор во развојот на младите и иднината на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Драма во Словенија: Лавина затрупа тројца планинари од Хрватска

Следно

Чаир со голем урбан пресврт – претставен Мастер планот на Меџити и Вардар

Latest from Blog

Папата Лав ги повика католиците да им помогнат на мигрантите

 Папата Лав Четиринаесети ги повика 1,4 милијарди католици во светот да им помогнат и да се грижат за мигрантите, продолжувајќи ја својата порака за добредојде откако ги критикуваше строгите антиимиграциски политики на

Коњановски ќе ја унапредува велосипедската инфраструктура во Битола

Битола се движи кон иднината како модерен, зелен и европски град, а кандидатот за градоначалник Тони Коњановски го промовира проектот „Вело Битола“. Според него, градот ќе се трансформира во вистински Вело град

Проданоски: Нова современа детска градинка, со капацитет за 200 деца во Прилеп

Секој вистински развој почнува со најмалите, но најзначајни чекори, со проекти што создаваат подобра иднина за нашите деца и за целиот град. Денес го претставувам проектот за нова современа детска градинка, инвестиција
Go toTop