Коњановски: Над 18 милиони денари за подобри услови во зоолошката градина во Битола

February 17, 2026
1 min read

Битолската Зоолошка градина денеска организираше презентација на Националната Стратегија за Зоолошки градини. Експрети, претставници од релевантни институции, градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, советници и други гости беа дел од оваа презентација која има за цел остварување на неколку цели кои пак ќе не усогласат и со директивите на Европската унија.

Стратегијата е изработена со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Главната цел на стратегијата е да се создаде еден план за развој на зоолошките градини. Самата стратегија е насочена кон создавање на еден интегриран пристап во развивањето на зоолошките градини. Главната идеја и насока е да се имплементира европската регулатива во однос на ЗОО директивата, а и покрај тоа да се постигне едно повисоко ниво и повисоки стандарди на одгледување и грижа за животните и промоција на природата, заштитата на биодиверзитетот и градење на една едукативна и јавна свест“ рече проф. д-р Мирослав Ќосевски од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје .

Стратегијата е направена врз основа на длабинска анализа на зоолошките градини во Битола и Скопје.

„Зоолошките градини не треба да се изложбени центри, во суштина и оваа стратегија со акцискиот план во следните пет години нуди една трансформација од изложбено место на животни, кон едукација и пред се заштита особено на заштитени диви видови кои ги имаме и во нашата земја“ рече Богољуб Стерјовски, назависен консултант за заштита на видови и конзервација.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кажа дека Општина Битола на вториот повик на Владата аплицираше и беше одобрен проектот преку министерството за култура и туризам за изградба на објект на Терариум и објект на Копитари.
Изградбата на ново живеалиште за копитари е во вредност од 9.634.336 денари, а изградба на современ терариум во вредност од 8.994.667 денари.

„Овие инвестиции се дел од заложбите на Општина Битола за подобрување на условите во Зоолошката градина, создавање на современ простор за животните и овозможување на поквалитетно, едукативно и забавно искуство за сите посетители“ рече Коњановски.

Како Општина продолжуваме да вложуваме и да се грижиме за зоолошката градина, рече градоначалникот на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на Трамп за прикривање на досиејата на Епстин

Следно

РСС одбележа 18 години: Од градење соработка кон стратешка регионална акција

Latest from Blog

Утре вонредна седница на Владата

Владата утре ќе одржи вонредна седница со почеток во 11 часот. Според најавите, на седницата, ќе се разговара за состојбата со бензините пред можното ново покачување на цените како резултат на растечките

Македонската армија ќе добие нови пушки од САД

Македонија е меѓу земјите кои ќе добијат ново пешадиско вооружување во рамки на договор што го додели Пентагон на американската компанија Colt’s Manufacturing Company, со максимална вредност од 40,86 милиони долари. Како

„Милионерите“ со два гола во судиско продолжение до три бода

фото: Borussia Dortmund (X) Фудбалерите на Борусија (Д) ја забележаа четвртата последователна победа во Бундеслигата, бидејќи вечерва како гости го совладаа тимот на Штутгарт со резултат од 0:2. „Милионерите“ продолжија со потера
Go toTop