Коњановски на прославата на ЗНАМ: За победа и развој на Битола

October 11, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Битола и кандидат за нов мандат, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на одбележувањето на една година од формирањето на политичката партија Движење ЗНАМ за наша Македонија.

На средбата, како што истакна Коњановски, била изразена јасна поддршка за неговата работа како градоначалник и за визијата за развој на Битола.

„Поддршката е потврда дека заедно, преку партнерство и заеднички цели, можеме да постигнеме многу повеќе за Битола и битолчани,“ рече Коњановски.

Тој се заблагодари за довербата и ја истакна заедничката цел за „современа, уредена и силна Битола“.

„На 19 октомври ќе ја потврдиме довербата и ќе ја однесеме Битола кон нова победа,“ порача Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи му даде мандат на Курти да ја формира владата

Следно

Македонско друштво „Илинден“ Тирана го честита Денот на народното востание

Latest from Blog

Коњановски: Битола никогаш нема да ги заборави своите сограѓани Евреи

Со неколку настани, денес во Битола се одржа комеморативно одбележување на 83 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола. Градоначалникот

Алкалоид најтргувана, НЛБ и Комерцијална банка со висока активност – МБИ10 со пад од 0,18%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 10 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,18% и заврши на 9.886,57

Тоневски: Пробиштип дел од приоритетните проекти за развој на Источниот регион

Вчера се одржа третата седница на Советот за развој на Источниот плански регион, на која беа донесени повеќе одлуки, меѓу кои и утврдување на листата на предлог-проекти за развој на регионот. Проектите

Бортников: Во Русија спречени атентати врз високи функционери и воени команданти

Во Русија неодамна беа спречени повеќе обиди за атентати врз високи државни функционери и припадници на командниот кадар на Оружените сили и на Руската национална гарда, изјави директорот на Федералната служба за

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25% од предвидените за 2026 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. Вкупниот износ на овој проект изнесува 129.717.440 денари. -Добар ден и од мене.
Go toTop