Коњановски: Градевме во изминатите четири години, ќе градиме и во наредните четири

September 29, 2025
2 mins read

Со голема чест и благодарност денес Ви се обраќам на почетокот на едно ново поглавје, почеток на изборната кампања за довербата која што повторно ја барам од вас. Изминативе години ми ја доверивте честа и одговорноста да ја водам нашата Битола, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски.

Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа, период, во кој сите заедно бевме сведоци дека Битола живееше во ритам на градење. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта од над 50 километри. И се уште се гради, не само поради проектите кои што ги започнавме, туку затоа што веруваме дека нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред. Поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надоградува една модерна, урбана, чиста и динамична Битола. Темели на инфраструктура, на енергетска ефикасност, на нови образовни стандарди, на култура и спорт, на заштита на животната средина. Сега, драги мои сограѓани, доаѓа ново време. Доаѓа период во кој трудот што го вложивме, ќе почне да носи видливи резултати. Следните четири години ќе донесат реализација на нови проекти и години на живеење со резултатите од сето тоа што го работевме. По изградбата на булеварскиот влез од страната на Прилеп, соодветен булеварски влез ќе има и од страната на Охрид. Јавниот превоз ќе биде едно од најзначајните задачи во овој мандат. Симболот на Битола – реката Драгор, ќе биде уредено по светски стандарди. Ќе продолжиме со комплетна модернизација на градската инфраструктура, со нови улици, велосипедски патеки и современи јавни простори. Ќе продолжиме да инвестираме во зелената иднина преку паметни решенија, со што Битола ќе чекори стабилно кон одржливиот урбан развој. Грижата за образовните и спортските капацитети останува наш приоритет, бидејќи во младите е нашата иднина. Создадовме помодерен, дигитализиран и ефикасен локален сервис, кој веќе е поблиску до граѓаните. Ваквиот пристап ќе го надградуваме и прилагодуваме на нивните потреби. Културата и спортот ги издигнавме на ниво на светски случувања. Битола е препознатлива на светската мапа на спортски настани во ракометот, фудбалот, кошарката, кои се одигруваат во современи услови. Ќе продолжиме уште повеќе да ја издигнуваме Битола во спортски рамки, преку одржување на голем број меѓународни спортски настани и надградба на спортските капацитети. Создадовме културни брендови, препознатливи не само во регионот, туку и надвор од државата. Тука е Зимската приказна, Битфест, гостување на врвни музички, театарски и уметнички имиња. Ќе го јакнеме веќе создадениот квалитет, надградувајќи го со уште поволеми културни вредности. Битола е град на историјата и традицијата, но и град на млади луѓе кои имаат право да сонуваат за сопствена иднина дома, во својот град. Затоа, заедно со мојот тим, ќе продолжиме да работиме на создавање на нови работни места, да привлекуваме инвестиции и да ги задржиме младите, нудејќи им квалитетен живот. Да ја јакнеме локалната економија со социјален напредок. Ќе го поддржиме локалниот економски развој и новите работни места, преку партнерство и соработка со бизнис секторот. Јас верувам во Битола. Верувам во нејзината иднина. Верувам во решителноста да создадеме уште поубав живот овде, дома. Нашата визија за Битола не е само ветување, визијата веќе се остварува. Секој проект, секоја улица, секоја нова можност е доказ дека заедно можеме многу, истакна Коњановски.

Ве поканувам повторно да тргнеме по истиот пат на развој, современост и достоинствен живот. Со вашата доверба, со нашето заедничко залагање, Битола ќе продолжи да расте и да биде град со кој сите ќе се гордееме. Заедно, со Вашата поддршка, да ја напишеме следната, најубава страница од приказната наречена Битола, додаде тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ со иницијатива за модернизација на наставата во О.У. „Аврам Писевски“

Следно

Фазлиу: Ахмети ги продаде албанските интереси за српски капитал

Latest from Blog

Денеска во Швајцарија ќе се одржи комеморација за жртвите од пожарот во барот

Комеморацијата за жртвите од пожарот во барот во Кранс-Монтана, Швајцарија, ќе се одржи денеска во Изложбениот и конгресен центар Мартинхи (CERM) со почеток во 13:45 часот. Своето присуство го најавија претседателот на

Домашна крем супа од печурки

Состојки: 500 грама мешани печурки 1 црвен кромид 2 чешниња лук 1 морков 200 мл бело вино 250 мл млеко или павлака за готвење масло или путер зеленчук, сол, бибер, магдонос, мајчина

СЕСТРАТА НА СТИВЕН ИВАНОВСКИ ИЗЛЕГЛА НА ВОЗДУХ И СЕ СПАСИЛА: Семејството бара донации за погребални трошоци по смртта на тинејџерот во Кран-Монтана

Семејството на Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за време на дочекот на Нова година, бара донации за да ги покрие погребалните трошоци. Шеснаесетгодишниот Стивен бил

Францускиот град Епинал ја претставува Битола во своето јануарско издание

Голема е традицијата на соработка на Битола со францускиот град Епинал, двата града збратимени уште во 1968 година. Во празничното јануарско издание на oпштинскиот магазин на францускиот град Епинал „Дестинација Епинал“, градоначалникот

Славески: Пред нас е година на раст, стабилност и пониска инфлација

„Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на
Go toTop