Коњановски: Гондолата на „Пелистер“ ќе го отвори планинскиот бисер за туристите

December 4, 2025
1 min read

Тимот странски и домашни експерти денеска презентираа дел од решенијата од процесот на изработка на физибилити студија за изградба на гондола на „Пелистер“.

Експертите од Словенија и Франција, како и домашните ги претстави претседателот на Советот Бојан Бојкоски, пред присутните советници, администрацијата на општината, планинари, здруженија и медиумите.

 

Екипата која ќе ја подготвува физибилити студијата за гондолата, за како што беше кажано еден потенцијален комплетен туртистички бисер за сите четири сезони, констатирала голем потенцијал на „Баба Планина“ со врвот „Пелистер“.

„Бевме на терен два-три пати, во сите услови и преку зима и преку лето за да ги видиме сите услови и потенцијали кои што ги нуди природата. Потенцијалот е огромен, заради тоа сме и овде, бидејќи мислиме дека луѓето се повеќе ја сакаат природата, но сепак треба некаква инфраструктура како би дошле до таа природа“ вели Франц Фурлан, експерт од Словенија, од компанината „Furlani“.

Тој кажа дека има повеќе опции од каде би тргнувала гондолата и дека денеска ќе се дискутираат и тие теми.

„Мислиме дека ваквиот проект е важен и затоа ги дискутираме можностите, како и тоа што е позитивно, а што би било негативно. Вие подобро знаете од нас, но ние можеме да дојдеме со некои идеи и опции и од технички и од финансиски аспект“ рече тој, кој заедно со неговиот колега Вансент Тасар од компанијата „Stem internacional“ од Франција имаат бројни искуства низ светот, а задачата им е да понудат инфраструктурни, финансиски, технички решенија.

Тој вели дека трендовите се да се користат еколошки решенија, а гондолите се такви, затоа што не се влегува со возила во националниот парк, а истовремено тие гондоли им овозможуваат на посетителите да уживаат во природата.

Физибилити студијата треба да ја покаже оправданоста, економските потенцијали и сето она што го очекуваме од гондолата која би се изведувала на „Пелистер“, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека издвоени се средства за изработка на таа студија.

„Во опција се повеќе патеки до горе. Почетна станица би некаде во реонот на Дихово, тоа е едната опција, потоа постои локација и кај Ротино и Цапари, неколку патеки, но не подолги од 9 километри и целта би била со една попатна станица, која ние би сакале да е, бидејќи веќе има инфраструктура да биде кај „Копанки“ или „Молика“ и би одела до антена“ рече Коњановски.

Според него, целта е да се напраи гондола која од една страна ќе ја збогати туристичката понуда, но од друга да се зачува природата.

„Основна цел е и да се зачува екологијата, биодиверзитетот на „Пелистер“, да не се уништува, едноставно со најеколошкото средство на електрична енергија да се искачиме и да уживаме во убавините на „Пелистер“ рече Коњановски.

Примерите како што кажа Коњановски, зборуваат дека изградбата на ваква гондола во други земји ја зголемиле посетеноста, односно туризмот десеткратно, од тоа што веќе го имале.

Сепак додаде дека ова е прв чекор и долг процес додека се реализира.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Излезе од печат 70 издание на македонскиот весник „Илинден“

Следно

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop