Коњановски: Битола избира стабилност, развој и нови успеси

September 29, 2025
2 mins read

Почитувани битолчани, драги мои сограѓани,

Со голема чест и благодарност денес Ви се обраќам на почетокот на едно ново поглавје,почеток на изборната кампања за довербата која што повторно ја барам од вас. Изминативе години ми ја доверивте честа и одговорноста да ја водам нашата Битола.

Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа, период, во кој сите заедно бевме сведоци дека Битола живееше во ритам на градење. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта од над 50 километри. И се уште се гради, не само поради проектите кои што ги започнавме, туку затоа што веруваме дека нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред.

Поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надоградува една модерна, урбана, чиста и динамична Битола. Темели на инфраструктура, на енергетска ефикасност, на нови образовни стандарди, на култура и спорт, на заштита на животната средина.

Сега, драги мои сограѓани, доаѓа ново време. Доаѓа период во кој трудот што го вложивме, ќе почне да носи видливи резултати. Следните четири години ќе донесат реализација на нови проекти и години на живеење со резултатите од сето тоа што го работевме.

По изградбата на булеварскиот влез од страната на Прилеп, соодветен булеварски влез ќе има и од страната на Охрид. Јавниот превоз ќе биде едно од најзначајните задачи во овој мандат. Симболот на Битола – реката Драгор, ќе биде уредено по светски стандарди.  Ќе продолжиме со комплетна модернизација на градската инфраструктура, со нови улици, велосипедски патеки и современи јавни простори. Ќе продолжиме даинвестираме во зелената иднина прекупаметни решенија, со што Битола ќе чекори стабилно кон одржливиот урбан развој.Грижата за образовните и спортскитекапацитети останува наш приоритет, бидејќи во младите е нашата иднина. Создадовмепомодерен, дигитализиран и ефикасен локален сервис, кој веќе е поблиску до граѓаните. Ваквиот пристап ќе го надградуваме и прилагодуваме на нивнитепотреби.

Културата и спортот ги издигнавме на ниво на светски случувања. Битола е препознатлива на светската мапа на спортски настани во ракометот, фудбалот, кошарката, кои се одигруваат во современи услови. Ќе продолжиме уште повеќе да ја издигнуваме Битола во спортски рамки, преку одржување на голем број меѓународни спортски настани и надградба на спортските капацитети. Создадовме културни брендови, препознатливи не само во регионот, туку и надвор од државата. Тука е Зимската приказна, Битфест, гостување на врвни музички, театарски и уметнички имиња. Ќе го јакнеме веќе создадениот квалитет, надградувајќи го со уште поволеми културни вредности.

Битола е град на историјата и традицијата, но и град на млади луѓе кои имаат право да сонуваат за сопствена иднина дома, во својот град. Затоа, заедно со мојот тим, ќе продолжиме да работиме на создавање на нови работни места, да привлекуваме инвестиции и да ги задржиме младите, нудејќи им квалитетен живот. Да ја јакнеме локалната економија со социјален напредок. Ќе го поддржиме локалниот економски развој и новите работни места, преку партнерство и соработка со бизнис секторот.

Драги битолчани,

Јас верувам во Битола. Верувам во нејзината иднина. Верувам во решителноста да создадеме уште поубав живот овде, дома.Нашата визија за Битола не е само ветување, визијата веќе се остварува. Секој проект, секоја улица, секоја нова можност е доказ дека заедно можеме многу.

Ве поканувам повторно да тргнеме по истиот пат на развој, современост и достоинствен живот. Со вашата доверба, со нашето заедничко залагање, Битола ќе продолжи да расте и да биде град со кој сите ќе се гордееме.
Заедно, со Вашата поддршка, да ја напишеме следната, најубава страница од приказната наречена Битола.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ЧетЏиПиТи

Следно

Вредноста на американските златни резерви надмина еден билион долари

Latest from Blog

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот
Go toTop