Коњановски: Битола има услови за економски раст и развој на компании

September 24, 2025
1 min read

Во Битола се одржа средба меѓу претставници на Регионалната стопанска комора, Комората на занаетчии, градоначалникот Тони Коњановски, секретарот на општината Борче Димитровски, заменик-министерот за економија и труд Маријан Ристески и пратениците Пеце Милевски и Силвана Ангелевска.

Заменик-министерот Ристески посочи дека компаниите во битолскиот регион активно ги користат мерките од оперативниот план за 2025 година, како и програмите на Министерството за економија и труд. Тој нагласи дека потребите на локалното стопанство ќе бидат основа за подобрување на мерките, а посебно значење ќе има развојот на инфраструктурата и железничкото поврзување.

Градоначалникот Коњановски истакна дека битолскиот регион има сериозен потенцијал за инвеститори, со особено интересирање за Индустриската зона „Жабени“. „Вратата за стопанствениците кај нас е секогаш отворена, а проблемите кои ги имале се решени или се во процес на решавање. Придобивките од Унгарскиот кредит ќе донесат бенефит не само за локалната самоуправа, туку и за бизнис секторот, особено во делот на инфраструктурата“, рече тој.

Претседателот на Регионалната стопанска комора, Мирко Велковски, посочи дека бизнис заедницата во Пелагонискиот регион бележи раст од околу 5% годинава, а над 60 компании користат средства од Унгарскиот кредит, дел од нив насочени кон зелена енергија. Според него, очекувањата се дека искористувањето на кредитните линии и грантовите ќе донесе значителни бенефити за целиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Поддршката за угостителите е клучна за економијата на Скопје

Следно

Николоски на средба со Костис Казидакис

Latest from Blog

Тренер на женскиот тим на Валенсија почина на одмор во Индонезија

Фернандо Мартин, тренер на вториот женски тим на Валенсија, почина заедно со тројца членови на неговото семејство откако нивниот брод се преврте во Индонезија за време на божиќните празници, соопшти шпанскиот фудбалски

ВЛЕН: Пропадна обидот на ДУИ за манипулација со правичната застапеност

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека официјалните податоци за 2024 година ја демантираат кампањата на ДУИ за наводно намалување на правичната застапеност. Според нив, извештајот покажува дека застапеноста на Албанците не само што не

Почина славната актерка Брижит Бардо

Со светската слава се здоби со филмот „И Бог создаде жена“ од 1956 година, а во следните две децении се сметаше за секс симбол. На почетокот на 70-тите години, таа се повлече
Go toTop