Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

September 7, 2026
4 mins read

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, 
Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како никогаш досега, се обновува и развива.

Токму затоа денес сакам директно да се обратам кон моите битолчани кои пред 10 месеци избраа континуитет препознавајќи ги промените и четиригодишниот напредок на својот град низ нашата заедничка соработка и партнерство градејќи ја иднината на Битола. Денес кога правиме сублимат на сработеното во првата година од овој мандат, сумирајќи ги резултатите на нашиот заеднички труд на граѓаните на Битола, мој и на моите соработници од локалната самоуправа, можам да кажам дека и покрај сложените проблеми на теренот што за некои делови од градот значат инфраструктура недопрена со децении, а некаде никогаш вистински решени проблеми, чекор по чекор ја остваруваме визијата за поубав и инфраструктурно поуреден град, спортски активна и успешна младина и културен подем достоен за Битола. Од нумерички аспект тоа значи најголем број одобрени проекти од владата на државно ниво или вкупно 81 проект од двата владини повици од унгарскиот кредит. Над 10км обновена и новоизградена патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел на нашата општина. Инвестиции во водоводната и канализационата мрежа во должина од над 3 километри, реконструкција и изградба на 24 спортски училишни терени и четири типски спортски сали, 220 нови паркинг места на некогашните узурпирани градски простори или како дел од новоизградените улици.

Понатаму, изграден простор за згрижување на 475 деца преку адаптација на новата градинка Пчеличка која ја отворивме во домот за доенчиња и мали деца и каде се згрижени 76 деца. Градинката во Нова Битола која ќе згрижува 153 деца очекувам да започне со работа до крајот на годинава и интензивна работа на градинката во комплексот АРМ каде идната година листата на чекање ќе биде намалена за уште 246 деца. Покрај сите предизвици со кои се соочуваме како од демографска така и од инфраструктурна природа продолжуваме да инвестираме за нашата иднина. Младата популација според констатираните потреби на населението и слушнатиот глас низ секојдневните средби со нашите сограѓани. Затоа работиме и на проектот којшто го ветивме за изградба на училиште во населбата Буковски ливади со комплетна опременост соодветна за воспитно-образовната институција за што инвестираме над 31 милион денари. Ја продолжуваме реконструкцијата на Центарот за спорт и рекреативни активности, поранешната боксерска сала.

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови.

Во спортската инфраструктура покрај во терените и објектите на образованието, образовните институции инвестираме и подготвуваме проектна документација и за други локации. Во соработка со Фудбалската федерација на Македонија ќе следува целосна реконструкција на ќумурното игралиште, а ќе се гради и нов спортски терен помеѓу него и спортската сала Боро Чурлевски. Професионалните спортски клубови продолжуваат да бидат наша гордост и да ја имаат општинската поддршка и кога постигнуваат победи и високи резултати, но и кога се соочуваат со пораз, затоа што само на тој начин се поттикнува спортскиот дух кај играчите, се зголемува поддршката и довербата од нашите ценети навивачи, а за идните млади спортисти се отвараат спортски перспективи и можности преку напредок и развој на младинските школи и училишниот спорт. Ако претходниот мандат бевме локална самоуправа која за првпат во Битола изгради вело инфраструктура во должина од над 5 километри, веќе работиме на подготовки за нови 2,7км велопатеки. Киното Партизан е уште еден објект од културата за кој е обезбедена инвестиција од 96 милиони денари за изградба на мултинаменски објект кој ќе биде самоододржлив и ќе може да се користи за кино и театар, но и за изложби и други мултимедијални настани.

Битола повторно станува град во кој културата блеска во најсилно светло. Во изминативе 10 месеци имавме над 100,000 посетители на нашите манифестации. За овој културен раст општината преку програмата за култура обезбедува околу 45 милиони денари, што е седум пати помалку од 310 милиони денари за спортската инфраструктура, но доволно за битолската култура далеку да се слушне, а сите посетители на настаните за убавите впечатоци долго да зборуваат.
Додека го издигнуваме нивото на интегритет, антикорупција и транспарентност, наш активен партнер во многу процеси се младинските организации, младинскиот совет, младинскиот центар, невладиниот сектор, бизнис секторот, жените претприемачи и сите граѓани.

За ранливите категории, Општина Битола преку програмата за социјална заштита за 2026 година обезбедува вкупно 14 милиони 600 илјади денари. Меѓу нив се издвојуваат 1 милион и 500 илјади денари за поддршка на лицата со ретки болести за нивните патни трошоци и други потреби, како и дополнителни средства за обезбедување услуги за рехабилитација и стручна поддршка за лицата со попреченост, вклучително логопедски, дефектолошки, психолошки и психосоцијални третмани, како и рехабилитација и други третмани за децата со попреченост.

Дополнително, предвидени се 500,000 денари за адаптација на домови за лица со попреченост со цел подобрување на пристапноста и условите за самостојно живеење.

Партнерски
дејствуваме во реализација на проекти од европски и други фондови, а посебен акцент ставаме и на енергетската ефикасност на објектите во наша надлежност. Еден од капиталните проекти на оваа локална самоуправа е и противпожарната зграда во поранешната касарна, која ќе биде објект кој ги задоволува сите стандарди за ефикасна интервенција.
Општината инвестираше над 52 милиони денари на парцела од 3300 квадратни метри со корисна површина од 1600 метри квадратни до фаза на карабина со поставена дограма. Втората фаза преку грант на Министерството за одбрана на САД опфаќа дел од архитектурата со која објектот ќе биде целосно адаптиран и енергетски ефикасен со намена за својата дејност.

Вредноста на договорот за грантот е во висина од околу 1 милион американски долари. Со сите споменати инвестиции, Битола заслужува да биде град кој ќе ве пречека најавувајќи ги придобивките од се претходно споменато, кои ве очекуваат како гостин или жител на нашиот град.

Ваквата наша интенција е препознаена и од владата со чија поддршка инвестираме и во изградба на булеварскиот влез како што одамна и беше потребен на Битола.
Ова не е дневна политика и популизам, туку континуирана и стратешка заложба на тим со јасна цел и визија, силна мотивираност и посветеност, јубилеј, посакувам заедно низ конструктивност, идеи, инвентивност, достојно да си ја честитаме независноста, градејќи поубаво место за живеење на сите наши граѓани.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

7,5 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со пад

Следно

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop