Комплетиран списокот на репрезентации кои ќе играат на младинското СП во Македонија

March 21, 2024
1 min read

Комплетиран е списокот на репрезентации што ќе играат на Светското младинско првенство што ќе се игра во Скопје во јуни. Откако заврши и ИХФ трофејот за репрезентации со понизок рејтинг, селекцијата на Узбекистан стана последен учесник на СП во Македонија.

Покрај Македонија, од Европа на Мундијалот ќе играат уште 14 репрезентации – Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, како и Шпанија, која го освои квалификацискиот турнир.

Од Азија во Скопје ќе допатуваат пет селекции – Кина, Иран, Јапонија, Јужна Кореја и Кинески Тајпеј, од Африка ќе играат исто така пет – Алжир, Ангола, Египет, Гвинеја и Тунис.

Од австралискиот континент место на СП обезбеди Нов Зеланд, од Северна Америка и Кариби во Скопје ќе допатуваат Мексико и САД, додека од Средна и Јужна Америка – Аргентина, Бразил и Чиле. Мундијалот за младинки е на програмата од 19 до 30 јуни.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црна Гора ќе го екстрадира кралот на криптовалутите

Следно

Протест пред Владата за подобри услови за студентите на ФИНКИ

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop