Комплетиран составот на техничката влада

January 25, 2024
2 mins read

Функцијата прв вицепремиер на Владата, која припаѓаше на коалицискиот партнер ДУИ, сега ќе премине во рацете на СДСМ. Артан Груби во техничката Влада се очекува да биде заменет од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Груби сепак останува да биде министер за политички систем во владата на чие чело ќе застане Талат Џафери.

Со оваа последна измена веќе би бил јасен новиот владин состав, чија задача е да ги организира претстојните парламентарни избори закажани за осми мај. Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги потврди нивните предлози за министри и заменици-министри. Адвокатот Панче Тошковски се очекува да го замени Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи. Тошковски е актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и досега немал искуство во МВР, но во неговата биографија се наведува дека е магистер по кривично право и криминологија. Како што е познато, социјалдемократите претходно за дополнителен заменик министер во МВР го промовираа Митко Бојмацалиев, шефот на кабинетот на Спасовски.

За местото на Јована Тренчевска како министер за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го предложи Ѓоко Велковски. Тој е кадар од Министерството, но сепак во јавноста стана познат откако неполни две години ја извршуваше функцијата генерален секретар во Град Скопје. Велковски на оваа позиција беше назначен од градоначалничката Данела Арсовска, која потоа го разреши поради скандалот со пречистителната станица. Тој пак тврдеше дека самиот заминал од функцијата, бидејќи Арсовска имала поинакви приоритети. Инаку, во Министерството за труд и социјала, дополнителен заменик министер од СДСМ ќе биде токму актуелната министерка Тренчевска.

Што се однесува до замениците-министри, ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за земјоделие го предложи Цветан Трипуновски, кој и во претходната техничка Влада ја извршуваше истата функција. СДСМ пак обвинува дека Трипуновски имал кривична пријава за злоупотреба на службена должност. Дополнителен заменик министер за финансии, на предлог на опозицијата, се очекува да биде Елена Петрова, која од партијата ја најавија како искусен економист од Управата за јавни приходи. Актуелниот советник во Град Скопје и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски е предлогот за дополнителен заменик во Министерството за информатичко општество и администрација.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека станува збор за одлични кадри кои ќе го дадат својот максимум за одржување на фер и демократски избори. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски сепак, во телевизиско интервју пак вчера повтори ВМРО-ДПМНЕ е за укинување на моделот на техничка влада и сподели дека очекува јавноста во наредните сто дена да сведочи на кавги и, како што рече, хорор. Од СДСМ денеска одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а сега се потврдило дека нема ниту кадровски потенцијал.

Предлог-состав на техничката Влада:
Талат Џафери – претседател на Влада
Бојан Маричиќ – прв вицепремиер задолжен за европски прашања
Артан Груби – вицепремиер и министер за политички систем
Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања
Славица Грковска – вицепремиер за добро владеење
Панче Тошковски – министер за внатрешни работи
Крешник Бектеши – министер за економија
Ристо Пенов – министер за локална самоуправа
Бујар Османи – министер за надворешни работи
Фатмир Бесими – министер за финансии
Благој Бочварски – министер за транспорт
Љупчо Николовски – министер за земјоделие
Славјанка Петровска – министер за одбрана
Јетон Шаќири – министер за образование
Ѓоко Велковски – министер за труд и социјална политика
Бисера Костадиновска Стојчевска – министер за култура
Каја Шукова – министер за животна средина
Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација
Фатмир Меџити – министер за здравство
Кренар Лога – министер за правда

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси четвртина од децата на возраст од 10 и 11 години во Англија се со зголемена телесна тежина

Следно

Роднините на загинатите незадоволни од казната за газдата на Дурмо Турс

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop