Комитетот за авионски несреќи во М-НАВ ќе истражува за можниот судир на два авиони над Скопје

September 16, 2024
2 mins read

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) денеска почнува активности во Давателот на навигациски услуги М-НАВ како дел од истрагата за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември во кој според објавите е избегнат судир на два авиона. За настанот постапува и Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), а ако се утврди дека има кривично дело наодите треба да се достават до Основното јавно обвинителство.

– В понеделник влегуваме во М-НАВ и ќе ги направиме потребните разговори, ќе ги преслушаме снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите, а и ќе ги погледнеме и снимките. Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Се друго во моментот ќе биде шпекулација, изјави за МИА во петокот Зоран Илиевски, претседател на КИНСИВ.

Претходно од АЦВ за МИА потврдија дека постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.

-Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.

Според М-НАВ, во пропишаниот рок поднесена е пријава за безбедосниот настан и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините.

– На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

По медиумските објави врз основа на сајтот за следење летови Флајтрадар24, дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот, реагираше и Здружението на контролори на летање на Македонија (ЗКЛМ).

Оттаму порачаа дека Флајтрадар24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци. Истакнаа дека застануваат во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите, кои, како што оценија, се мета на неосновани осуди. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент”, според Здружението, без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот.

Како што објави порталот СДК.мк, повикувајќи се на Флајтрадар24 се, станува збор за авион на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Триесет секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, напиша порталот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шортс: Најдобро беше да останам во Париз, иако имаше неколку понуди

Следно

Ѓоковиќ констатира: Српскиот тенис е мртов

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop