Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство

March 7, 2023
2 mins read

Катастрофални десетина денa за Министерството за култура. Додека Министерството се обидува да најде начин како да го укине или заобиколи Колективниот договор за вработените од културата да не го добијат планираното покачување на платите, медиумите известуваат за намерно и свесно уништување на неолитскиот локалитет Влахо кај Живојно за експоатација на јаглен. Иако оваа информација најпрво ја има Министерството и Управата за заштита на културното наследство, тие одлучуваат да го игнорираат и да го премолчат процесот надевајќи се дека нема таа информација да излезе во јавноста. Но вистината е како шило, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

Неколку дена подоцна, албанска телевизиска куќа обвини за ископување на некропола кај Скупи и за „намерно уништување“ на наоди кои говорат за „Дарданија и дарданството“ на Скупи. Да прецизираме – се кријат и уништуваат наоди кои ги гледаат и ги снимаат. За ова, директорот на Управата за заштита на културното наследство на самото место увидува дека има „невнимание“ при работа и дека „има неправилности во работата, дека има оштетени остатоци, дека има расфрлани коски, скршени саркофази… и дека отсега ќе имало посебна грижа и нема да биде професионално, туку суперпрофесионално“.

Неколку дена подоцна во јавноста излегува информацијата дека кај археолошкиот локалитет „Св. Атанасиј“ кај с. Спанчево ќе се поставуваат фотоволтаици. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, први кои треба да го чуваат тамошното културно наследство во тој регион, излегуваат, на увид по што утврдуваат дека инвеститорот ги има сите потребни документи за изградба, меѓу кои и Дозволата од Управата за заштита на културното наследство. Воедно, од прекопувањето на самиот локалитет, Заводот и музејот од Штип констатира на самото место дека „на терен имаше расфрлана керамика, но такви наоди има по цело Кочанско“. Притоа, од надлежната установа изјавуваат дека доколку има археологија, таму тие можат да го стопираат ископувањето, „но такво нешто не увиделе“! Да биде иронијата поголема, кога со багери се ископува на археолошки локалитет излегуваат археолошки наоди. И тоа не е археологија, туку нормална градежна активност. Генијална констатација!

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ укажува дека, истовремено се премолчуваат уште десетици други уништени или оштетени локалитети низ државата. И каде е надлежното Министерство и Управата кои по дејност и основа на постоењето мораат грижливо да го чуваат недвижното културно наследство!? На сето ова, Министерството излегува со само едно бедно соопштение во кое кажува дека ископувањата во Скупи се според сите правила и прописи, односно спротивно од првичното мислење на директорот на Установата, која директно го контролира тоа. Иритира потсетувањето на ланската изјавата од министерката во емисијата „Трилинг“, дека другите го уништуваат културното наследство, па потоа изгледа дека државата не се грижи за него. Ова јасно покажува дека Министерството е „село без кучиња“ и без никаков срам, морал и чувство за одговорност!

Овие скорешни јавни сведочења за трајно уништување на недвижното културно наследство не започнуваат од сега. Тие се резултат на повеќегодишна негрижа која случајно кулминира токму во овој момент. Јавноста и цела Македонија сведочат за разорните случувања во кои никој нема вина и никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство, подложно и на Кривичниот законик!

Дали е ова последниот чекор за бришење на македонскиот идентитет и историја, по политичките договори со Грција и Бугарија? Дали физичкото уништување на локалитетите е дел од ова сценарио?

И кога ќе помислиме дека културата во Македонија стигна до самото дното, тука се д-р Бисера Костадиновска–Стојчевска и нејзината „стручна културна машинерија“ да нѐ разубедат. Тие неуморно продолжуваат да копаат!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоилковски: Дали едно од огласените три места за ЈО во Гостивар е резервирано за синот на Талат Џафери?

Следно

Еден од обвинетите за убиството на Ѓинѓиќ по 20 години излегува од затвор

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop