Комисија ќе решава за лиценци за кабаре – надлежните лица ќе мора на терен да ги проверат објектите

March 26, 2025
1 min read

Министерството за економија и труд со измените на Законот за угостителство ја враќа Комисијата која ќе одлучува за доделување на лиценци за кабаре, ноќни клубови и дискотеки. Во оваа Комисија ќе членуваат претставници на повеќе институции, меѓу кои од пазарниот, санитарниот, трудовиот инспекторат, Управата за јавни приходи, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и од општината каде што е објектот. Лиценца ќе може да се издаде само откако сите претставници ќе стават потпис. А, за да се потпишат, сите надлежни институции ќе мора да достават написмено дека биле на терен и извршиле контроли, секој од својата надлежност.

„Меѓутоа, практично и објективно гледано, пазарните инспектори по професија се или правници, или се економисти. Како можат тие да проверат дали исполнуваа објектот, градежни, да речам, противпожарни услови, електрика и така натаму, се она што е поврзано со издавањето на одобрение за градба на еден објект и понатаму за исполнување на минимално технички услови“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Целта на овие законски измени е да се отстранат недореченостите кои настанаа во 2008 година, кога со регулаторната гилотиња беа поедноставени процедурите за издавање лиценци. Во основа, ќе се дорегулира членот 21 од Законот и ќе се вметне задолжителна институционална проверка на тоа што подносителот на барањето за лиценца го приложил како документи.

„Не само пред време да се утврдат условите со попис од Комисијата и стручните лица, него понатаму и тој записник да влезе во понатамошна процедура и повторна контрола од страна на Секторот за угостителство односно соодветната институција, во случај е Министерството за економија и труд“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Најавено е и дека ќе се заострат казните за сите кои не ги почитуваат законите, а се планира и воведување кривична одговорност.

„И сите кои стават потпис, ќе гарантираат со својот потпис, бидејќи и за лицата од Комисијата ќе има одредена, да речам, парична или друг вид на одговорност“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Со регулаторната гилотиња во 2008 година, се смени Законот за угостителство и не се прецизираше во членот 21 дали надлежното лице во Министерството за економија по службена должност треба да ги провери сите документи кои се приложени. Поконкретно, дали инспекторатите биле на терен и реално ги провериле минимално – техничките, санитарните, за безбедност на работа, противпожарни и безбедносни услови.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ерменија го врти грбот на Русија, сака членство во ЕУ

Следно

Активистот Нејман, кој се противи на израелската окупациска политика, со реакции за обновувањето на нападите врз Газа

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop