Комесарот на ОН, Турк: Колективното казнување на палестинските бегалци претставува воено злосторство

November 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Комесарот за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, изјави дека израелското колективно казнување на палестинските цивили претставува воено злосторство, јавува Анадолу.

Турк ја даде изјавата по посетата на граничниот премин Рафа во рамките на петдневната посета на Блискиот Исток во услови на интензивирани напади на израелските сили на Појасот Газа.

„Колективното казнување на палестинските цивили од страна на Израел претставува воено злосторство, како и незаконската присилна евакуација на цивилите“, рече Турк, инаку австриски адвокат, на брифингот за медиумите.

Тој истакна дека децата и жените се најголемите жртви на жестоките израелски напади врз Појасот Газа.

Комесарот на ОН повика на почитување на меѓународните закони за човекови права и меѓународното хуманитарно право, и напомена дека страните во судирот имаат обврска да водат постојана грижа да го поштедат цивилното население и цивилните објекти.

„Нападите врз медицински установи, медицински персонал, и врз ранетите и болните се забранети“, порача Турк.

Тој укажа на итниот хуманитарен императив да се дојде до населението кое е сè поизолирано во Газа.

„Прекинот на системот за комуникации има сериозни последици за спасувачите кои се борат да пронајдат жртви, семејствата кои се обидуваат да го дознаат статусот на своите најмили и да дојдат до итна медицинска помош, како и да се следи и документира ситуацијата на теренот“, рече Турк и ги повика страните да се договорат за прекин на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД го отфрлија планот на Нетанјаху за Газа

Следно

Сервисот на Aгенција Анадолу на македонски јазик одбележува осум години постоење

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop