Колумбискиот претседател изрази поддршка за студентите кои подигнаа палестинско знаме

February 2, 2024
1 min read

БОГОТА (АА) – Колумбискиот претседател Густаво Петро го критикуваше отстранувањето на група студенти од конференциската сала на универзитетот поради подигнувањето на палестинското знаме, пренесува Анадолу.

Споделувајќи снимки од моментот кога студентите го подигнуваат палестинското знаме на социјалната платформа Х, тој ја истакна „слободата“.

„Ние имаме дипломатски односи со државата Палестина, како и знамето на секоја држава со која воспоставуваме дипломатски односи, мора да се почитува нејзиното знаме.“

„Колумбија е земја на слободи и права. Нема место за цензура на државен универзитет. Културата и слободата се синоними“, рече Петро.

На снимката се гледа како група студенти креваат големо палестинско знаме за време на концерт на симфониски оркестар во конференциската сала на Националниот универзитет на Колумбија. Потоа интервенирал безбедносниот персонал, додека студентите извикувале слогани за поддршка на Палестина.

На 20 октомври минатата година Петро објави дека Колумбија ќе отвори амбасада во градот Рамала на Западниот Брег.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ најави набавка на дронови-камикази: Србија итно го забрзува вооружувањето

Следно

Напад со руски дронови во Украина, повеќе од 40 000 луѓе без струја

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop