Колумбија ќе поднесе барање во ОН за признавање на Палестина како целосно независна држава

November 14, 2023
1 min read

БОГОТА (АА) – Претседателот на Колумбија, Густаво Петро, синоќа најави дека во Обединетите нации (ОН) ќе поднесе предлог за признавање на Палестина како целосно независна држава, известува Анадолу.

Петро, на својот профил на социјалната мрежа Х, сподели снимка од жртвите на израелскиот напад на болницата Ал Шифа во блокираниот Појас Газа.

„Ова е масакрот во болницата Ал Шифа што го започна премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху. Колумбија ќе поднесе предлог до ОН за признавање на Палестина како целосно независна држава“, вели Петро во пораката.

Тој најави дека Колумбија нема да купува оружје од земји што гласале против или биле воздржани на гласањето за барањето прекин на огнот во Газа.

„Демократските и прогресивните земји мора да се борат да го спречат ширењето на варварството во светот и да го заштитат хуманитарното право“, порача колумбискиот претседател Петро.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и топло преку ден, наутро магла

Следно

Се одбележува Светскиот ден на дијабетесот

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop