Колку наплаќаат банките во Македонија од исплати во странство?

February 17, 2026
1 min read

Минатата година од октомври, банките во Македонија, Албанија, Црна Гора и Молдавија, започнаа со извршување трансакции преку СЕПА, што претставува конкретен чекор кон финансиска и економска конвергенција со Европската Унија.

Членството во Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе носи придобивки за граѓаните и компаниите, кои сега плаќаат многу помалку за трансакциите. За малите и за средните претпријатија, СЕПА носи значителни заштеди и овозможува поголема предвидливост на трошоците при прекуграничните трансакции.

„Фактор“ ги спореди надоместоците за кредитен трансфер во евра во странство преку електронско банкарство како најкористено средство за плаќање надвор од земјата, а закучокот е дека нема преголеми разлики помеѓу домашните комерцијални банки кои ја нудат оваа платежна услуга преку СЕПА. Евидентно е и тоа дека плаќањето е доста поевтино отколлку плаќањето преку коресподентско банкарство SWIFT За потсетување, привилегиите што ги нуди СЕПА важат само за трансфери кон земји-членки.

Се чини дека најевтина е услугата на УНИ банка со 60 денари провизија за плаќање до 2.500 евра, а се друго над тоа е 180 денари. И Стопанска банка наплаќа 60 денари, но со ограничување на трансферот до 500 евра, а се друго понатаму е од 180 до 600 денари. Кај НЛБ банка е 60 денари но само до 50 евра, понатаму се плаќа 310 денари, а ако е над 3.000 евра цената е 620 денари (ако е во рамки на НЛБ групацијата, износот е 310 денари). Комерцијална банка ќе ви наплати од 60 до 540 денари, но во ажурираната база на дневно ниво на Нароодна банка не е наведено кои се разграничувањата на сумите.

Плаќањето преку Халк банка и Централна кооперативна банка е фиксирано на 250, односно на 200 денари како платежна усллуга. Секое плаќање преку СЕПА кај Силк роуд и ПроКредит банка е 600 денари. Останатите неспомнати деловни банки сеуште не ја нудат оваа услуга.

СЕПА е иницијатива на Европската Унија што ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и владите поедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедни плаќања во евра.

Стандардизираните процеси и информативните формати на СЕПА обезбедуваат јасност и предвидливост во платните операции, побрзи трансакции, а при тоа плаќањата во евра се обработуваат истиот или најдоцна следниот работен ден низ земјите на СЕПА

Исплати во странство преку СЕПА системот се овозможени и шалтерски во самите банкарски филијали.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ништо ново од Мурињо: ШОУ на “Специјалниот“ во Лисабон! (ВИДЕО)

Следно

МИНУСНИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Променливо облачно време со силен северен ветер

Latest from Blog

МААЕ: Нападите во близина на иранската нуклеарка може да предизвикаат катастрофа

Нуклеарката на југот од земјата, опремена со реактор од 1.000 мегавати, е погодена четири пати од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран. „Реален ризик од нуклеарна несреќа“ Директорот на МААЕ,

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) и особено најавата на вицепремиерот и министер за

Берзански ден со 25,01 милиони денари промет: Пивара Скопје во подем, банките активни

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.   На берзанската сесија од 6 април 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,21% и заврши на 10.079,47 поени,
Go toTop