Кој подготвува терен за бегство на Крмзов? Доказите за криминалот се обезбедени, ама некој не сака да се меша во својата работа

January 10, 2025
2 mins read

Најмалку 65 милиони евра штета врз буџетот на Македонија утврдиле инспекторите на Управата за јавни приходи и на Царинската управа во империјата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој важи за близок до семејството Заеви.

Штетите се утврдени записнички, при контроли на десеттина фирми поврзани со Крмзов. За жал, во овој момент, претставниците на финансиските власти безуспешно бараат начин доказниот материјал да го предадат на обвинителството кое е одговорно за предистрагата за овој случај.

Плусинфо дознава дека Обвинителството инсистирало записниците да ги добие преку МВР и при тоа смислувало еден куп бирократски изговори за одолговлекување на предистрагата.

– Записнички неспорно се констатирани финансиски малверзации и штети врз Буџетот од поврат на ДДВ преку фиктивни фирми и други штети. Кога осомничениот Крмзов ќе ги види записниците, а тоа е неминовно, бидејќи станува збор за процедура, тој ќе добие можност да прикрива докази, да влијае врз сведоци, а не би било изненадување да посака и да ја напушти Македонија. Се добива впечаток како Обвинителството намерно да му купува време токму за да испланира и да спроведе бегство – вели добро упатен извор за Плусинфо.

Доказите за финансиските малверзации, според нашите сознанија, се неспорни. Во поголем број случаи се спроведувани преку менување на основачи и управители на фирмите на Крмзов, кои потоа се препродавани на фиктивни купувачи на удели од Косово.

Така, на пример, извесен Б.Г. од Косово, наводно купил фирма од Крмзов, преку која се вршени малверзации. Името на старата струмичка фирма е променето во ново. Но, од косовската даночна администрација се добиени податоци дека не се евидентирани ни таква фирма ни такво лице. Очигледно е дека станува збор за фиктивна фирма.

Дека станува збор за сериозен и организиран криминал сведочи и фактот дека лицата како спомнатиот Б.Г. од Косово, не само што не се евидентирани во даночната администрација, туку нема запис дека ја поминале македонско-косовската граница со валидни патни исправи. Лажните купопродажби се евидентирани во нашиот Централен регистар, со фиктивно заверени нотарски документи.

– Треба да се утврди како овие наводни купопродажби биле заверени во Централниот регистар и кои нотари правеле фиктивни заверки. Веројатно станува збор за добро организирана криминална група, во која се инволворани луѓе од разни институции. Такви шеми сме имале и порано. И во времето на директорувањето на Сања Лукаревска со УЈП се расплеткуваше една таква мрежа за кражба на буџетски пари со поврат на ДДВ со финансиски малверзации. Веројатно ќе биде потребно МВР да ги отвори и истражните досиеја од тој период, за да се види што е пропуштено. Но, сега е најважно органите на кривичниот прогон да не губат време, бидејќи навистина сме на трагата на епски криминал, за кој веќе се обезбедени сигурни докази за повеќе вакви фирми и шеми, а ќе има и уште – вели изворот за Плусинфо.

Како што е познато, струмичкиот бизнимен Ристо Крмзов и уште три лица беа задржани во полициска станица по големата акција на МВР, УЈП, Царината и на Обвинителството за гонење на организан криминал и корупција, што се одвиваше на повеќе локации во Струмица, Скопје и во Гостивар, во септември минатата година. Тогаш министерот за внатрешни Панче Тошковски се пофали со богат плен од претресите (дијаманти, пари во кеш и разновидна документација) и додаде:

– Првичните информации се дека станува збор за милионски суми коишто се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Во меѓувреме, предистрагата за империјата на Крмзов како да падна во заборав. Сепак, како што дознава Плусинфо, инспекциите на финансиските власти спровеле темелни контроли и истражни дејствија, со кои непобитно ги утврдиле фактите, кои сега се констатирани и во записниците од контролите.

Она што не е јасно е зошто сега се прават севозможни пречки тој богат доказен материјал да се најде на масата на Обвинителството и да почне истрагата.

И секако, се наметнува прашањето – што ако, по примерот на Артан Груби, утре од Македонија исчезне и струмичкиот бизнисмен Крмзов? Кој ќе биде одговорен за тоа?, пишува порталот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слободниот снимател на АА Саид Абу Набхан е убиен во израелски напад на Газа

Следно

Што го предомисли Ахмети за мистериозно да исчезне воинственото видео

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop