Кој ќе оди во Турција на пресадување да олабави со енергетски пијалаци

June 25, 2024
1 min read

Иако енергетските пијалаци содржат состојки како витамини и минерали кои се критични за раст на косата, консумирање на истите во претерана количина има контраефект, главно затоа што истите тие пијалаци имаат и блесави количини на кофеин, шеќер и адитиви.

„Иако овие енергетски пијалаци се во ред во умерени дози, при претерување тие претставуваат поголем ризик за губење коса или врз севкупното здравје,“ објаснува хирургот за трансплантација на коса од Истанбул, Абдулазиз Балви.

Тој проблемот го идентификува кај предозирањето со селен и витамин А кој во големи количини е токсичен за косата и може да предизвика болест во која „имунитетниот систем по грешка ги напаѓа клетките коса која почнува да паѓа во делови од главата.“

Дел од енергетските пијалаци знаат да содржат и над 110% од препорачаната дневна количина на витамин А и 100 проценти од селен.

На косата влијае и количината на кофеин што го содржат енергетските пијалаци, па иако умерено количество може да го помогне растот, претерувањето го зголемува стресот и хормоналниот дизбаланс, што пак ги оштетува фоликулите на косата.

Доктор Балви предупредува дека освен директното влијание врз косата, енергетските пијалаци можат да ги зголемат здравствените проблеми кои доведуваат до паѓање коса.

Препораката што тој ја дава е неделно да не се надминува границата од 5 до 7 енергетски пијалаци.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Следно

Лина Ѓорческа во два тај-брејка испадна на стартот на Вимблдон

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop