Кој ќе биде нов гувернер на Народна банка?

May 8, 2025
1 min read

Мандатот на актуелната гувернерка на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, истекува месецов, седум години откако беше избрана од страна на Собранието. Процесот за избор на нов гувернер, според процедурата, не може да се реализира без позитивно мислење од претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова.

Во моментов, во јавноста кружат неколку имиња како можни кандидати за нов гувернер покрај Ангеловска – Бежовска се и поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски, поранешната вицегувернерка и актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ, но и Трајко Славевски – универзитетски професор и поранешен министер за финансии, кој веќе подолго време важи за еден од највлијателните економски гласови во партијата.

Неофицијално, во рамките на владејачката ВМРО-ДПМНЕ била спроведена и внатрепартиска анкета за можниот избор на гувернер, со цел да се тестира поддршката и прифатливоста на потенцијалните кандидати во јавноста и во експертската заедница.

Овој избор доаѓа во клучен економски момент, во услови на перзистентна инфлација и растечки трошоци на живот. Народната банка, преку својата монетарна политика и надзор над финансискиот систем, има централна улога во стабилизирањето на економските текови и зајакнувањето на довербата во финансиските институции.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема нов папа ни по второто гласање на конклавата – од Сикстинската капела излезе црн чад

Следно

ВО ВЕНЕЦИЈА НА 9 МАЈ СЕ ОТВОРА МАКЕДОНСКИОТ ПАВИЛЈОН СО АРХИТЕКТОНСКИОТ ПРОЕКТ „СТРАДА БРУТАЛИСИМА“

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop