Кога ќе ги добие Македонија првите исплати во 2025 година од Планот за раст на ЕУ?

January 16, 2025
1 min read

Европската комисија работи на забрзување на исплатата на средствата за предфинансирање на Македонија во рамките на Планот за раст за Западниот Балкан, потврди портпарол на Комисијата за МИА.

– Службите на Комисијата го примија барањето за предфинансирање од Македонија и во моментот ги завршуваат процедуралните чекори за да се обезбеди исплатата што е можно побрзо во 2025 година, изјави портпаролот.

Портпаролот потсети дека Реформската агенда, која опфаќа клучни реформи во основните права и социо-економски политики, беше доставена од Македонија во јули 2024 година. Еврокомисијата ја оцени како усогласена со целите на Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан.

Агендата беше одобрена на 23 октомври 2024 година со Одлука за спроведување на Комисијата, откако доби позитивно мислење од земјите членки во рамките на Комитетот ИПА III. Земјите со одобрени реформски агенди, вклучувајќи ја и Македонија, имаат право да побараат до седум отсто од средствата како предфинансирање.

Планот за раст за Западниот Балкан предвидува шест милијарди евра инвестиции, со принцип на поврзување на инвестициите со реформи. Ова обезбедува постепен пристап до единствениот пазар на ЕУ и овозможува граѓаните од регионот порано да ги почувствуваат придобивките од европската интеграција, објасни портпаролот.

Според него, оваа иницијатива е патоказ за приближување на економиите на Западниот Балкан кон ЕУ и поттик за спроведување на неопходните реформи.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здравковски: ВМРО-ДПМНЕ работи на унапредување на патот на Македонија кон ЕУ, но е потребен политички консензус

Следно

Директор на комунално претпријатие од Гази Баба обвинет за проневера во службата

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop