Кочанско-ПОДРУМСКИ-тајни СРЕДБИ?!

October 21, 2025
1 min read

Заврши првиот круг од локалните избори, дел од кандидатите ја добија битката уште во првиот круг, дел одат во втор, а со тоа почна и пазарот со гласови.

Втор круг ќе има и во Кочани, каде битка за градоначалничкото столче ќе водат Венко Крстевски и Влатко Грозданов, победник во првиот круг. Грозданов е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а Крстевски се води како независен кандидат.

По трагедијата која се случи во Кочани, во дискотеката „Пулс“, откако актуелниот градоначалник си поднесе оставка, Венко Крстевски беше назначен за В.Д. градоначалник. Како се ближеа изборите неговите апетити растеа, за да на крајот поднесе кандидатура како, наводно, независен кандидат. По завршување на првиот круг тој успеа да влезе во вториот круг, како второпласиран.

Според резултатите од Државната изборна комисија кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов освои 5642 глас, а Венко Крстевски 3394, трет е кандидатот на СДСМ, Игор Христов со 2444 гласа, точно онолку гласови колку што му се потребни на Крстевски да победи во вториот круг.

Апропо ваквите бројки, логично е дека Крстевски ќе побара помош од својот „ментор“, Зоран Заев. Па така свиркачи до нашата редакција лиферуваа информации за тајна средба уште вчера во еден хотел во Кочани, а средбата се случила во подрумските простории во приватната винарија каде пристап нема секој во истата, сопственост на еден екс градоначалник, исто така обвинет во случајот со дискотеката „Пулс“.

Средбата се случила вчера, а барањето помош лично од Зоран Заев, а не од Венко Филипче, само ја потврдува шпекулацијата за вистинскиот лидер на СДСМ. Филипче кој е најблизок другар на Заев, беше назначен за негов наследник, па епитетот марионета кој го доби по неговиот избор со вчерашниот настан само се потврди.

Вториот круг е за неполни две недели. Дали Венко Крстевки ќе ја добие поддршката од Зоран Заев и дали оваа средба вродила со плод останува да видиме.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Детето ве вика по име наместо мама? Еве што значи тоа!

Следно

Медитеранско пилешко во кремаст сос од лимон и босилек

Latest from Blog

Се празнуваат Светите маченици Јулијан и Василиса

Свети Григориј, епископ Охридски Благочестив учител и пастир на Христовото стадо. Се упокои во 1012 година. Во натписот на црквата Света Софија во Охрид се нарекува Григориј премудриот. Светите маченици Јулијан и

Ѓорѓиевски: Скопје се движи безбедно и во зима, службите интензивно работат на расчистување на снегот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека снегот не е изненадување во зима, а подготвеноста е нивна обврска. – Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

На прозорецот често ви слетуваат птици – Ова воопшто не е случајно, обратете внимание дали е гулаб или врапче

Ако сте забележале дека на терасата или прозорецот често ви слетуваат птици, според фенг-шуи тоа воопшто не е случајно. Оваа древна кинеска филозофија која се занимава со протокот на енергија во просторот,

Лепа Брена се потсети на средбата со баба Ванѓа: Искрено се исплашив, нозете ми се отсекоа

Пејачката помина повеќе од четири часа во студиото, отворено зборувајќи за својот живот, кариера, љубов и духовни искуства, а во емисијата го донесе и својот помлад син Виктор Живојиновиќ, објави Телеграф. Разговорот
Go toTop