Кочанчани бараат правда – судот ги одобри сите барања на обвинителството за притвор

March 22, 2025
1 min read

„Доста беа лаги и неправди – слобода за невините“ – со вакви транспарентни измина протестниот собир во Кочани. Дел од присутните истакнаа дека има лица во притвор кои не се директно виновни за трагедијата и побараа да бидат пуштени на слобода. Особено, слобода се бараше за членовите на обезбедувањето на дискотеката кои, како што велат присутните, спасувале животи. Главната вина ја вперуваат кон сопственикот на „Пулс“.

„Ние сметаме дека треба да одговараат виновните, не сме овде за да не одговара никој од притворените. Таму добро ако погледнеме, знаеме дека има и виновни. Пред се е виновен сопственикот на дискотеката.“

Кочанчани побараа праведна истрага, а за ваквата цел се очекуваат и други собири ширум земјата.

„Ниту едно демократско право на изразување на мирни собири, не можеме ниту сме во насока на тоа да го стопираме, но исто така повторуваме дека повикуваме на разум, повикуваме на доверба во институциите дека ревносно се справуваме со сите состојби.“, вели Марија Митева.

Додека кочанчани бараат ослободување на дел од приведените, судот во градот ги одобри барањата на Обвинителството на сите осомничени да им биде одреден 30-дневен притвор. Меѓу нив се екс министерот Крешник Бектеши, поранешните директори на Пазарниот инспекторат и Дирекцијата за спасување, Горан Трајковски и Беким Максути. Во притвор остануваат и тројцата градоначалници на Кочани, вработени во обезбедувањето, ко-сопственици на дискотеката, вработени во повеќе институции, како и седум полицајци од Кочани и Штип.

Вкупно осомничени се 34 лица, но тројца не се во притвор поради здравствената состојба. Сите се сомничат за тешки дела против општата сигурност, а едно лице вработено во Министерството за економија се истражува за поткуп со кој била издадена лажната лиценца за работа на клубот. Од Обвинителството, но и полицијата, истакнаа дека ова била само прва фаза од истрагата и очекуваат списокот на осомничени да се проширува.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едночасовен мирен граѓански собир во Кочани

Следно

Миовски: Ова се одлични три бода и старт на квалификациите за СП

Latest from Blog

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното
Go toTop