Клоп се прости од новинарите кои го следат Ливерпул, еве како ги насмеа

May 20, 2024
1 min read

Јирген Клоп го одработи својот последен натпревар како тренер на Ливерпул, клубот во кој се приклучи во 2015 година.

За време на неговиот мандат, тој му донесе осум трофеи на клубот, вклучувајќи ја првата титула во Премиер лигата во 2020 година, односно прва во англискиот шампионат од 1990 година, а во 2019 година и трофејот за освојувачот на Лигата на шампионите. Ливерпул таа година го освои најсилното европско клупско натпреварување за прв пат од 2005 година.

Германскиот стручњак ги освои сите натпреварувања што ги играше со Ливерпул, освен Лигата на Европа, каде го загуби финалето од Севиља.

Два пати ги загуби и натпреварите за титулата во Лигата на шампионите, а во сезоната 2018/19 под негово водство Ливерпул освои 97 бода во Премиер лигата и беше втор.

Тоа беше трет учинок со највисок резултат во историјата на Премиер лигата и прв на тимот недоволно за титулата. Клоп на последниот прес изјави дека сега оди на долга пауза и дека никогаш повеќе нема да биде тренер на англиски клуб и дека ова може да биде дури и крај на неговата тренерска кариера.

Последната прес-конференција како тренер на Ливерпул ја искористи за да се збогува со новинарите. Го зеде мобилниот телефон, ги фотографираше и низ смеа рече: „Мислам дека нема да ми недостигате, но ако тоа се случи, само ќе ја погледнам оваа фотографија и тоа чувство ќе исчезне. ” Со тоа ги насмеа насобраните новинари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмногу дожд во Берово

Следно

ПРВ НАСТАП ПО ЕВРОВИЗИЈА: Израелката ја отпеа забранета верзија на нејзината песна (ВИДЕО)

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop