Кливленд ја освои Источната конференција во НБА

April 9, 2025
1 min read

Екипата на Кливленд кавалирс ноќеска го победи Чикаго булс и го обезбеди првото место во Источната конференција на НБА-лигата.

Натпреварот се одигра во Кливленд и заврши со резултат 135:113 за домашниот тим.

Дариус Гарланд постигна 28 поени за победниците, а Еван Мобли постигна 21 поен и 12 скока со што направи дабл-дабл. Најдобар стрелец кај Чикаго беше Патрик Вилијамс со 21 поен, додека Џејлен Смит имаше дабл-дабл (13 поени и 10 скока).

Кливленд, кој веќе има 63 победи и загуби 16, го обезбеди првото место во Источната конференција на три натпревари до крајот на сезоната. Чикаго е на десеттото место со 36 победи и 43 порази.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп најави дека ќе воведе царина на увозот на фармацевтските производи во САД

Следно

„АНКА III“ успешно ја погоди целта со ракетата на млазен погон „Супер молња“

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop