Клековски: Работиме на нов план за унапредување на дијагностика за онколошките пациенти, ќе се зголеми значително буџетот за терапија

January 26, 2025
1 min read

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување во своето гостување во тема на денот на Сител телевизија во однос на актуелната состојба со онкологија информираше дека Клиниката работи на регистарот на пациенти, кој е првиот чекор.

-Вториот чекор е документирање и подобрување на работата на стручната комисија за одредување на терапијата. Таа треба да биде филтерот за подобноста за терапија зашто не сите пациенти се подобни за дел од оваа биолошка терапија зашто за тоа треба соодветни хистопатолошки и генетски испитувања, кажа Клековски.

Тој појасни дека мора да има јасни критериуми за вклучување во терапијата, а понатаму е естимација на бројот на циклуси потребен за терапијата.

– Не некои пациенти им треба помалку, на некои пациенти повеќе, но мислам дека можеме да направиме една предвидливост во системот и секако мора значајно да се зголеми буџетот за терапија. Јас одговорно тврдам дека ќе имаме и поголем буџет за набавка на лекови и лековите ќе бидат по пониски цени отколку досега што ќе овозможи волуменот да се зголеми дополнително. Имаме годишен раст од 5-7 отсто на бројот на пациенти годишно на рак, а Клиниката за онкологија е иста како и пред децении и инфраструктурно и со човечки капацитети. Проблемот расте, а капацитетот останува ист. Таму ни треба комлетно нов план и ние работиме на тоа, посочи тој.

Клековски посочи дека првиот чекор е дијагностицирање, со Институтот за патологија и во моментов се мапираат капацитетите за хистопатолошки и молекуларни истражувања, се лоцираат тесните грла со цел да се скрати времето на чекање значајно, значи резултатите да бидат во најкраток можен рок.

-Исто така, рабитиме на зголемување на капацитетот на ПЕТ скен, од 2000 пет скена, веќе е зголемен капацитетот на 3000 годишно, се надеваме дека ќе можеме и да го дуплираме со нов апарат во некоја непосредна иднина. Ова е потребно за дијагностика, но и за контрола на терапијата. Ова се е неопходно за да дојдеме до терапијата. Мора да направиме децентрализација на системот, час поскоро некои од поевтините цитостатици во таблетарна форма ќе ги ставиме на позитивна листа за да може пациентите да ги подигнат во аптеките, да не мора да доаѓаат на Клиника и час поскоро мора да станат оперативни ГОБ „8 Септември”, болниците во Штип, Битола и Тетово и пациентите да не мора да патуваат, заклучи Клековски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре студентите во Белград продолжуваат со блокади

Следно

Ослободувањето на обвинетите за 27 април – нова мистификација за нови поделби

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop