Клековски: Македонското здравство максимално пожртвувано го прифати првиот бран на сите повредени пациенти, за помалку од 12 часа се направија и првите транспорти кон странство

March 20, 2025
1 min read

Македонското здравство брзо реагираше со одлука на Владата, брзо се испраќаа пациенти во странство, но и од Кочани кон Штип и Скопје, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Фондот за здравство, Сашо Клековски во гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на телевизија Сител.

Клековски истакна дека сè уште има лица на интензивна нега, меѓутоа сите се стабилни.

„Сè уште имаме лица на интензивна нега, меѓутоа сите се стабилни со позитивна прогноза и во основа логиката на ова што го направивме изминатите денови беше бидејќи не знаевме кој ќе биде обемот на трагедијата да што повеќе тешко повредени, критични се пренесуваат веднаш во странство и таа одлука е донесена од Владата многу рано веќе во утринските часови“, рече Клековски.

Клековски нагласи дека во рок од помалку од 12 часови од несреќата веќе се направија првите транспорти кон Солун, веднаш потоа кон Софија и следуваа Турција и Србија.

„Кога се соочуваме со непознат размер на катастрофа тогаш мора да влечете брзи чекори. Првиот бран го прифати македонското здравство, целото здравство се мобилизира во неделата и во неколку часа се организираше згрижување на пациентите нивен превоз од Кочани кон Штип и Скопје. Луѓето дадоа исклучителни напори, имаме жртви во тие напори и сакам да им оддадам благодарност на сите што во првите часови максимално пожртвувано го прифатија првиот бран и сите пациенти, сите повредени беа згрижени“, заклучи Клековски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се уште нема правда ниту за Ласкарци, ниту за модуларната болница- Можно ли е реотворање на судските процеси?

Следно

ЦУК: Пожарот во пошироката околина на Битола е од запалено стрниште

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop