КК Будуќност пред финасиски колапс

November 28, 2024
1 min read

Градот Подгорица деновиве го блокираше КК Будуќност поради долгови. Поради ова, Управниот одбор одржа итен состанок.

На средбата е договорено претседателот Драган Бокан да разговара со претставниците на сопствениците на клубот од Подгорица и со Владата на Црна Гора и да се обиде да најде решение за понатамошното финансирање.

Како што беше соопштено, на состанокот, членовите биле информирани за состојбата и за проблемот предизвикан од блокирањето на сметките на клубот од страна на Управата за локални приходи на главниот град, Подгорица.

Будуќност во моментов го дели второто место на табелата во АБА- лигата со Црвена звезда и со Дубаи, сите имаат скор 7:2, додека Партизан е на првото место со 9:0. Тимот од Подгорица учествува и во Еврокупот, каде што има скор 3:5.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Следно

Во Собранието пратенички прашања

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop