Кизиќ: Веруваме во себе, можеме да одиграме уште ден добар меч и против Катар

January 22, 2025
1 min read

Македонската ракометна репрезентација има еден ден да се подготви за дуелот со Катар, но и да се рехабилитира. Добро е познато дека дел од момците вчера имаа висока температура, па лекарскиот тим ќе има полни раце работа, да ги опорави сите оние кои со денови се борат со вирусот.

Во една ваква ситуација, нашите момци одиграа добар меч против Австрија, кој на крајот заврши без победник. Бодот е само доказ дека оваа генерација се бори до самиот крај. Нашите голмани имаа тешка задача, не е лесно да се биде на мрежата против една репрезентација која игра „седум на шест“.

„Уште еден неизвесен натпревар во кој одигравме егал со квалитетна репрезентација. Беше навистина тешко, особено во ситуација кога играа „седум на шест“ на едно исклучително ниво. Таа тактика си носи и свои ризици, но Австријците ја играа квалитетно. Затоа, радува начинот на кој им одговоривме и стигнавме до бод што апсолутно го заслуживме. На ред е Катар, уште една квалитетна репрезентација против која веруваме дека можеме да играме и да се обидеме да се подготвиме. Секогаш одиме чекор по чекор, до вчера се подготвувавме само за Австрија, сепак верувам дека ќе бидеме подготвени и за утрешниот дуел со Катар“, изјави Марко Кизиќ, кој мечот го заврши со шест одбрани.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес во САД се зголеми на 28

Следно

Знамињата во Туркије спуштени на половина копје поради трагичниот пожар во ски-центарот

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop