КИСЕЛА ВОДА ИМА ПРВОЛИГАШ- Кошаркарскиот клуб ,,Ангели” е повторно на врвот! External Inbox

May 19, 2025
1 min read

-Кошаркарскиот клуб ,,Ангели” е повторно на врвот. Екипата на Ангели од општина Кисела Вода, во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига-мажи откако во третиот и решавачки натпревар од полуфиналното доигрување победи против екипата на Соколи 1933 од Штип со 82-70.

– Горди сме вечерва. Најгорди! Кошаркарскиот клуб ,,Ангели” од Кисела Вода влезе во првата лига! Со својата фантастична игра и срце на терен ја порази екипата на ,,Соколи” од Штип.

Шампионите ги води огромната волја, не ги запира стравот, а среќата која ја даваат на своите фанови е појадокот од кој се хранат! Така, беше и вечерва. Ви честитам момци!

Вие сте доказ дека упорноста и желбата секогаш го даваат најдоброто.

Честитки до целиот тим! Честитам на Вашиот тренер, претседателот на клубот и посакувам да нижите само успеси.

А ние како локална самоуправа и јас лично како човек – ќе продолжиме со поддршка на спортот и спортитстите, посебно младите, бидејќи тоа е наша обврска. Само напред-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски државјанин почина во автобус кон комплексот Свети Наум во Охрид

Следно

Ѓоргиевски: За побрза дијагноза треба да се дадат поголеми ингеренции на семјните лекари

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop