Кирков: Неспособноста на Спасовски оди до таму што и по 24 часа не можат да го најдат сторителот на грозоморните убиства на кучиња во Струга

January 11, 2023
1 min read

Спасовски и Ковачевски ја урнисаа МВР, неспособноста оди до таму што и по 24 часа не можат да го најдат сторителот на грозоморните убиства на кучиња во Струга. А, сите пак ние очекуваме да бидат способни и да го решат проблемот со дојавите за бомби или со некои потешки кривични дела, обвинува Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што треба јавноста да мисли кога МВР под власт на СДС не може да пронајде човек кој со огнено оружје се шетал низ Струга и убивал животни? Што може и за што е способна МВР? Што прави Спасовски, за што е способен, еден криминалец нема фатено, единствено достигнување на раководството на МВР очигледно е спиењето по хотели каде што ноќевање чини 20.000 евра. Бездомните кучиња се голем проблем која оваа власт не успеа да го реши со години, и тоа од неколку аспекти, Владата со години не презема буквално ништо и ги става граѓаните да бидат често мета на напади кој за жал завршуваат понекогаш и со фатални последици. Сето тоа пак придонесува државата да исплаќа сериозни финансиски средства за добиени судски постапки кои граѓаните ги добиваат по основ на оштета, вели тој.

Кирков посочува дека едно од главните места каде има проблем со бездомни кучиња е Скопје.

-Главниот град е преплавен од бездомни кучиња, а Градот нема никаква идеја за справување со овој проблем и покрај големите финансиски средства кои ги исплаќа кон јавното претпријатие „Лајка“ кое кучињата ги враќа и ги остава повторно да бидат на улица. Кучињата не треба да бидат убивани и не треба да бидат на улица, тие не се виновни за тоа, тие често се мета на сообраќајни незгоди и на вакви немили настани. Владата и Градот Скопје не покажуваат дека имаат некаква идеја и желба за решавање на проблемот, за кој мора под итно да се најде системско и трајно решение и да се отстранат кучињата од улиците во сите градови на Републикава каде проблемот е навистина огромен. Сметаме дека со изградба на професионални стационари и со еден хуман третман низ кастрација и целосна стерилизација овој проблем бргу би се решил и со воведување на еден итен ригорозен закон за урбано чување на домашни миленици. Во спротива ќе гледаме вакви немили сцени од убиени, отруени кучиња, стотици искасани и повредени граѓани, често и сообраќајки причинети како последица на овој проблем со бездомните кучиња кој повеќе години го мачат градот Скопје и целата држава, порача тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тренчевска: Минималната плата во март ќе биде над 20 илјади денари

Следно

Гатузо за Анчелоти: Имавме проблеми, но го почитувам како тренер и како личност

Latest from Blog

Силни торнада ги подогија САД- загинаа најмалку четири лица, десетици се повредени (ВИДЕО)

Недолго откако Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за торнада за областа, на социјалните мрежи беа објавени видеа од Три Риверс и Јунион Сити на кои се гледаат екстремно силни ветрови како креваат

Започна изградбата на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес започна изградбата на новиот универзитетски кампус – инфраструктурен комплекс со модерни услови за наставно – научна дејност и за опфат на поголем број студенти. На

Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски. Одговорајќи на новинарски прашања по

Анте Будимир ја спаси Осасуна од пораз (ВИДЕО)

Во првиот денешен дуел од Примера програмата екипите на Осасуна и Мајорка одиграа супер интересно реми со конечни 2:2. Серијата голови стартуваше во 35. минута кога Ведат Муричи ги доведе гостите во

Меџити: Со 42 милиони евра се гради новиот универзитетски кампус во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека денеска бил поставен камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проект кој го оцени како историски момент за образованието. Според него,
Go toTop