Кинескиот претседател се состана со Путин во Пекинг

October 18, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Кинескиот претседател Си Ѓинпинг денес во Пекинг се состана со неговиот руски колега Владимир Путин, пренесува Анадолу.

Си Ѓинпинг се состана со Путин на маргините на третиот форум за меѓународна соработка „Појас и пат“, јави државната новинска агенција „Синхуа“.

Путин вчера пристигна во Пекинг во дводневна посета на Кина.

Кина е домаќин на дводневниот форум, на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 4.000 претставници и официјални лица од околу 140 земји и 30 меѓународни организации.

Кремљ претходно соопшти дека Путин со Си ќе разговара за „понатамошниот развој на сеопфатното партнерство и стратешка соработка меѓу Русија и Кина, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Албанија

Следно

За еден сантиметар зголемени нивоата на Охридско и Преспанско Езеро

Latest from Blog

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop