Кина повика на воздржаност меѓу Русија и Украина

November 20, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ / ИСЛАМАБАД (АА) – Кина денес повика на воздржаност, деескалација и дијалог меѓу Русија и Украина, откако Москва ја ревидираше својата нуклеарна доктрина додека Киев на руската територија истрела проектили со долг дострел од американско производство, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.

„Во моменталната ситуација, сите страни треба да останат смирени и да покажат воздржаност, промовирајќи деескалација преку дијалог и консултации за да се намалат стратешките ризици“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џијан за новинарите во Пекинг.

Лин одговараше на прашањата за тоа дека Москва го приспособува прагот за употреба на нуклеарно оружје и Киев истрела ракети со долг дострел на руска територија за прв пат од почетокот на војната, која започна во февруари 2022 година.

Тој рече дека ставот на Кина за украинската криза е „конзистентен и јасен“.

„Пекинг се надева дека сите страни ќе промовираат деескалација и ќе се заложат за политичко решение на украинската криза“, рече Лин, додавајќи дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во овој поглед.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа

Следно

Утешна функција за Бугарката Габриел

Latest from Blog

Општина Битола продава градежно земјиште за изградба на куќи: Пријавувањето трае до 14 декември

Општина Битола објави оглас за отуѓување неизградено градежно земјиште во државна сопственост, кое ќе се продава по пат на јавно електронско наддавање. Станува збор за земјиште предвидено за изградба на објекти со

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите
Go toTop