Кина, Нов Зеланд и други земји издадоа предупредувања за цунами по силниот земјотрес кај рускиот полуостров Камчатка

July 30, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Кина издаде предупредување за можни бранови од цунами во некои крајбрежни области денес, откако силен земјотрес со јачина од 8,8 степени го погоди рускиот полуостров Камчатка, јави државната телевизија ЦГТН, јавува Анадолу.

Министерството за природни ресурси издаде жолто предупредување за цунами во некои области, објави ЦГТН.

Се очекува цунами-брановите да стигнат до крајбрежните делови на Шангај во вечерните часови, со прогнозиран максимален бран висок до 30 сантиметри.

Тајванската Централна метеоролошка администрација издаде предупредување за цунами, информирајќи дека брановите може да стигнат до брегот на Тајван до 13:18 часот по локално време (05:18 GMT).

Филипинските власти предупредија на можни бранови од помалку од 1 метар (околу 3,3 стапки) висина во крајбрежните области свртени кон Пацификот и повикаа граѓаните да бидат внимателни и подготвени за евакуација доколку е потребно.

И Националната агенција за управување со вонредни состојби на Нов Зеланд издаде предупредување за можна активност на цунами и апелираше до жителите во крајбрежните области да бидат на готовс.

„Прогнозирана активност на цунами се очекува од полноќ вечерва и може да продолжи неколку часа до утре“, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби на X.

Земјотресот со јачина од 8,8 степени по Рихтер предизвика предупредувања за цунами низ целиот регион на Тихиот Океан, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20,7 километри и бил 119 км источно-југоисточно од Петропавловск-Камчатски, соопшти Министерството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чешкиот „Блек Хок“ и словенечкиот конвој ќе дејствуваат на пожарот на планината Готен од беровска страна

Следно

Сандерленд е подготвен да му ја даде капитенската лента на Џака

Latest from Blog

Салах би можел да потпише за Барселона?!

фото: Liverpool FC (X) Заврши ерата на “Фараонот“ на „Енфилд“. Ливерпул вчера објави дека Мохамед Салах по девет години ќе го напушти клубот. Дојде време за збиогување, но Египќанецот ќе биде запаметен

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој
Go toTop