Ким Џонг Ун предупреди на нуклеарен напад доколку земјата биде испровоцирана со нуклеарно оружје

December 21, 2023
1 min read

Северна Кореја во понеделникот ја тестираше својата најнова интерконтинентална балистичка ракета за, како што беше соопштено, да ја процени воената подготвеност на нејзините нуклеарни сили против растечкото непријателство од САД, што, пак, наиде на осуда од Соединетите Држави и нивните сојузници

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, изјави дека официјален Пјонгјанг нема да се двоуми да изврши нуклеарен напад доколку биде испровоциран од непријател со нуклеарно оружје.

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Тој, според државната новинска агенција, ова го изјавил на состанокот со војниците на военото ракетно биро во врска со неодамнешната вежба за лансирање на интерконтинентална балистичка ракета, велејќи оти Северна Кореја нема да се двоуми „да нападне нуклеарно кога непријателот ќе испровоцира со нуклеарни бомби“.

Северна Кореја во понеделникот ја тестираше својата најнова интерконтинентална балистичка ракета за, како што беше соопштено, да ја процени воената подготвеност на нејзините нуклеарни сили против растечкото непријателство од САД, што, пак, наиде на осуда од Соединетите Држави и нивните сојузници.

Севернокорејскиот лидер рече дека лансирањето во понеделникот ја покажало високата мобилност и способност за брз напад на војската и повика на напори за дополнително зајакнување на нејзината борбена ефикасност.

Во посебна изјава, сестрата на Ким, Ким Јо Јонг, го осуди Советот за безбедност на ОН за одржување на состанок во врска со лансирањето на ракетата, велејќи дека тоа е остварување на правото на земјата на самоодбрана.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не сопираат санкциите кон несовесните возачи, само во Скопје се изречени 151 казна

Следно

Тојота повлекува 1,1 милион возила поради проблеми со сензорот на воздушните перничиња

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop