Киев ќе ги врати изгубените територии бидејќи војната со Русија не смее да се претвори во „замрзнат конфликт“, вели Зеленски

July 13, 2023
1 min read

Украина ќе работи на враќање на целата територија и границите од 1991 г. и затоа мора да ја вратиме безбедноста на нашата територија но и да обезбедиме безбедно враќање на луѓето кои беа принудени да ја напуштат земјата, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски за медиумите по крајот на состанокот на дводневниот НАТО Самит во главниот град на Литванија, Вилнус.

Тој кажа дека Украина ќе победи и ќе ги казни сите злосторства на руските вооружени сили, а воедно изјави и дека под ниту еден услов неговата земја нема да прифати „замрзнат конфликт“ со Русија бидејќи тоа на ниту еден начин не би значело победа за Украина.

Зеленски претходно изјави дека резултатите од самитот на НАТО се многу добри, но ќе биле идеални ако Киев добиел покана да се приклучи на западната одбранбена алијанса. Тој додаде дека е важно на Украина да не ѝ треба Акционен план за членство (МАП), бидејќи поранешната советска држава веќе направила многу за усогласување со стандардите на НАТО.

„Важен резултат е одлуката дека на Украина не и треба МАП на патот кон НАТО“,

рече Зеленски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на самитот во Вилнус.

Тој рече дека украинските војници стекнале искуство во соработка со различни членки на Алијансата. Западните сојузници обучуваат илјадници украински војници, а Киев е силно зависен од западното оружје за да се бори против руските сили кои започнаа инвазија во февруари 2022 година.

НАТО вчера објави дека Украина ќе стане членка на Алијансата, но не постави краен рок. НАТО, исто така, одлучи дека Киев нема да мора да поминува низ МАП – список на политички, економски и воени критериуми што другите источноевропски земји требаше да ги исполнат на патот кон НАТО.

Зеленски рече дека во Вилнус добил позитивни вести за нови пакети воена помош од Велика Британија, Германија, Австралија и Холандија.

„Можеме да кажеме дека резултатите од самитот се добри, а да добиевме покана ќе беше идеално“,

изјави украинскиот претседател.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со гала концерт на оперската дива Ангела Георгиу отворено 63. „Охридско лето“

Следно

Влаховиќ подготвен да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop